Предавање на тема „ЕУ и млади“ по повод Денот на Европа

Економијата и образованието се темелот на успехот во Европската унија. Затоа Македонија треба да се фокусира на образованието на младите и на развојот на економијата, порача министерот за надворешни работи Никола Попоски на предавањето на тема „ЕУ и млади“ што се одржа во МНР по повод 9 Мај - Денот на Европа.
На предавањето присуствуваа студенти од сите универзитети во Македонија.

- Несомнено е дека Република Македонија ќе биде дел од Европската унија. Колку Македонија ќе биде подобра во продукцијата на образовни кадри и на полето на економијата, толку подобра ќе ни биде и иднината во ЕУ. Многу работи што треба да ги правиме во ЕУ ќе ги направиме во процесот на приближување кон Унијата, рече Попоски.

Тој истакна дека идејата за создавање на Европската унија се темели на елиминирање на ограничувањата и бариерите првично за челикот и јагленот, а потоа и за сите стоки. Тоа, посочи, покажува дека Унијата е направена на економска идеја за заеднички пазар заснован на конкуренцијата со која се бришат границите.

- Проектот за создавање на Европската унија пред 64 години го виделе луѓе со визија иако тогаш изгледал прилично чудно и невозможно, бидејќи е претставен во период во кој војната во Европа само што завршила. Така проектот чија првична цел била елиминирање на војната прераснал во проект за економска соработка. Работите и во изминатите 60-тина години не се многу сменети, бидејќи и сега главно поле на Унијата е економијата и елиминирањето на бариерите за да се овозможи просперитет, рече Попоски.

ЕУ, нагласи, денеска претставува 500 милиони луѓе или 7 до 8 отсто од светското население и речиси една третина од светското богатство. Сепак се соочува и со проблеми како што се стареење на населението поради што пензиските фондови се се пооптоварени и структурна  невработеност пред се на младите луѓе.

- Европската унија се менува. Ако пред 10 години беше елитистички клуб денеска веќе не е иако проширувањето е многу ниско на листата на приоритетите, рече Попоски.

Влегувањето во Унијата за многу земји, додаде, значи и развој. Како пример ја посочи Полска која до 2004 година, кога влезе во Унијата, имаше ист бруто домашен производ со Украина. Сега, како што кажа, Полска има за три пати поголем БДП од Украина. /Извор: МИА/

Мицотакис: Ќе гласаме против Договорот од Преспа и ќе се бориме да не се ратификува

Нова демократија останува на позицијата дека нема да гласа за Договорот од Преспа и ќе се бори за да не се ратификува.

Овој став уште еднаш го повтори лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Киријакос Мицотакис, говорејќи за време на промоцијата на новата книга на потпретседателот на Нова демократија, Костис Хаѕидакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека тие уште од прв момент изразиле несогласување и приговори за Договорот.

-Рековме дека не можеме, во никој случај да прифатиме договор кој на соседната земја и отстапува македонски јазик и македонска националност. Се плашам дека апсолутно беше оправдана оваа наша критика и остануваме строго посветени на оваа наша позиција. Ќе гласаме против Договорот од Преспа, кога и да дојде во грчкиот Парламент и ќе се бориме за овој договор да не се ратификува, објасни Мицотакис.

Лидерот на Нова демократија, рече дека со Договорот од Преспа, Ципрас и Каменос го дале она што ниту една друга влада на Нова демократија не го одобрила- македонски јазик и македонска националност.

-Денес само господинот Заев има секаква причина да го промовира и да слави за овој договор, бидејќи успеа и доби нешто што ниту една претходна влада не му даде. Едноставно кажано, господинот Ципрас и господинот Каменос, не сакам да го заборавиме него, рекоа „да", таму каде што Константинос Мицотакис, Костас Караманлис и Андонис Самарас рекоа „не". И рекоа „не" поради една многу добра причина. Поради многу конкретна причина. Бидејќи ги гледаа екстензиите што можеше да ги создаде во нашата земја јасното прифаќање на македонски јазик и македонска националност. Ние имаме многу јасен став. За овој став не може да се преговара и со овој став ќе дојдеме во парламентот кога ќе стигне за ратификација договорот, истакна Мицотакис за време на синоќешната презентација на книгата на неговиот потпретседател и сопартиец, Костис Хаѕидакис, пренесе МИА. /МИА

РСБСП: „НЕ" за мобилен телефон додека управувате возило

 Кога возите оставете го мобилниот телефон настрана. Без изговори и без оправдувања. Животот и здравјето, но и безбедноста – нека ви бидат секогаш на прво место, апелира Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Како причина за одвлеченото внимание на возачот, мобилниот телефон учествува со 20 до 25 отсто од сите сообраќајни незгоди. Со развојот на технологијата, во наредните години, се очекува овој проблем дополнително да се зголемува.

-И покрај црната статистика, на светско ниво, 45 проценти од возачите го користат мобилниот телефон додека возат, а според истражувањата на РСБСП, во Република Македонија, 63 отсто од возачите користеле мобилен телефон додека возат. Универзитетска студија во САД, проценува дека употребата на мобилни телефони за време на возењето, резултира со околу 2.600 смртни случаи и 330.000 сериозни повреди годишно, а пак истражувањата на СЗО покажуваат дека употребата на мобилен телефон ја зголемува опасноста од сообраќајна незгода за четири до девет пати, укажува Советот.

Воедбо додава дека пишувањето смс порака зад волан е еднакво на возење со затворени очи цели шест секунди за кои возило со брзина од 60 километри на час поминува 100 метри.

-Употребата на мобилен телефон додека се управува моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Возач кој зборува или пишува на мобилен телефон додека вози, се санкционира со 40 евра во денарска противвредност или со регистрирање 25 негативни бода во возачката книшка. Но, и покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат возило и на тој начин го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, информира РСБСП. 

На „Тортура" се гледаат видео снимки за апсењето на Бошкоски

 Со проекција на видео снимки од телевизиски куќи, во Кривичниот суд започна рочиштето за предметот „Тортура" на СЈО.

Во првата снимка од дневникот на Македонската телевизија се виде дека прва вест е апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски и како врзан со лисици на рацете се врши увид во неговиот автомобил на местото каде што е уапсен.

Во „Тортура", обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи" Ивица Антевски – Пуки и уште петтмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. 

притисни ентер