Тридневна жалост во Одеса, жестоки борби во Краматорск

Нови судири во Украина. По ужасната ноќ во Одеса, каде загинаа 46 лица, а 200 се повредени во пожарот во Домот на синдикатите ,од утрово судири во источниот град Краматорск, каде досега загинаа 10 лица. Според руските медиуми сите загинати се цивили, а има и над 30 повредени. Во Одеса е прогласена тридневна жалост за Русите кои настрадаа во запалениот Дом на синдикатот по нередите што доведоа до трагедијата. Состојбата во Украина со огромно внимание ја следат и Украинците кои живеат во Македонија.
Крвопролевањето во Украина не запира. Во Одеса е прогласена тридневна жалост за 46 – те жртви кои загинаа во нередите и пожарот во зградата на Домот на синдикатот. А денеска судирите меѓу украинската војска и проруските сепаратисти продолжија во близина на градот Краматорск, каде загинаа 10 луѓе. Пантелеј Кондратјук е член на здружението на Украинци во Македонија. Тој за Канал 5 вели дека ситуацијата е алармантна и оти во секој момент може да прерасне во граѓанска војна.

Кондратјук вели дека целата држава е во воена психоза, дека постои медиумска пропаганда која наместо да ги смирува, ги разгорува тензиите. Најмногу врие во целиот источен дел на Украина, каде долж границата од руска страна се распоредени илјадници војници.

Украинците од Македонија во обид да им помогнат на своите сограѓани се обидуваат да најдат начин да ги запрат насилствата и убиствата. Еден од моделите за решавање на кризата го гледаат во Охридскиот рамковен договор, за кој го информирале и украинското Министерство за надворешни работи.

Немирите во Украина почнаа во ноември. Бројот на загинати постојано се зголемува, а примирјето не е ни на повидок.

Над 500 деца мигранти вратени на семејствата

Американското министерство за здравство соопшти дека 522 деца им се вратени на семејствата.

Сепак , над 2 000 деца без документи и натаму се одвоени од родителите во рамките на политикатаз а ригорозни мерки против илегалните мигранти . Претседателот Трамп одненадеж во средата го потпиша указот со кој се прекинува ваквата практика.

Систематското разделување на децата од родителите кои илегално ја минале границата меѓу Мексико и САД предизвика негодување не само во Америка , туку и во светот.

Ердоган на прагот на сигурна победа

На речиси една петина од изброените гласови , Реџеп Таип Ердоган има освоени скоро 60 проценти.

Според првичните резултати од изборите , кои се одржаа во Турција , актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган засега убедливо води со 59,99 проценти од гласовите на една петина од преброените ливчиња.

Неговиот главен противкандидат , Мухарем Инче освоил 25,8 проценти .Гласачките кутии беа затворени во 17 часот по локално време и се очекува вечерва да бидат познати резултатите од предвремените претседателски и парламентарни избори .

Аналитичарите предвидуваат победа на Ердоган со околу 45 до 55 проценти од гласовите.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

притисни ентер