Пендаровски: Мојот концепт е да се обраќам кон граѓанинот пред се

Рамковниот договор не е алатка за вработувања по етнички клуч, ниту беше замислен како параван за сокривање на политичарите во нивните етнички трла, но тоа е решение за проблемите помегу етничките заедници во Македонија, констатира вечерва на митингот пред штипјани, претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, алудирајки на можната коалиција на Груевски со Мендух Тачи, за сметка на Али Ахмети.
- А со тие истите пет години ја дели власта. Значи тој двоен концепт е само за политички цели, кога им треба се со таа друга страна, а кога догаат избори постојано повикуваат на хомогенизација кај македонците. Затоа ние мораме да имаме заеднички јазик кон сите, затоа мојот концепт е да се обраќам кон граѓанинот пред се, сосем е неважно неговата етничка, религиозна или партиска припадност. Прво човекот со свое име и презиме, објасни Стево Пендаровски – претседателски кандидат на СДСМ –

Одговарајки на прашања од штипјани, за Пендаровски странските инвеститори се по привелегирани од Владата за сметка на домашните. Во Македонија се поприсутна е таканаречената системска корупција,а за каква развојна економија може да се зборува кога за осум години владеење Груевски изградил само 7,5 километри пат. Упатувајки остри критички тонови до актуелната владина структура, која според него успеала да ја раскара Македонија со сите балкански соседи, Пендаровски апелира до штипјани, на 13 Април, кога ке гласаат за нов шеф на државата да гласаат за неговиот концепт бидејки со него, граганинот е на прво место во Македонија. Концептот на неговиот опонент бил концепт од средниот век оцени на вечерашниот митинг во Штип, претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер