Наградата „Прозарт“ за хрватската писателка Даша Дрндиќ

Писателката од Хрватска Даша Дрндиќ ја доби наградата „Прозарт” за 2014 година, која меѓународниот фестивал на прозата „ПРО-ЗА Балкан“ ја доделува на истакнат автор од Балканот за авторски придонес во развојот на балканската книжевност.
Одлуката едногласно ја донел Одборот за доделување на наградата, а на Дрндиќ ќе и биде врачена на  свеченото затворање на фестивалот, кој ќе се одржува од 27-ми до 29 мај во Скопје.

- Иако верувам дека нема претерано разумни причини било чие постоење да се ограничува на негова/нејзина национална, регионална или било која друга припадност, оваа награда ме радува бидејќи промовира литература напишана на јазиците кои при проценувањето на книжевните вредности често се заобиколуваат или запоставуваат со оглед на тоа дека не спаѓаат во таканаречените големи светски јазици. Така, се случува (било поради предрасуди, било поради тоа што процесот на промовирање и преведување на средноевропска, северноевропска или американска книжевност е полесна и помалку ризична работа) понекогаш просечни, па дури и книжевно ирелевантни дела да бидат незаслужено високо валоризирани. Оваа награда затоа можеби нуди можност и делата напишани на јазиците „од Балканот“ некако да се пробијат до поголем број на читатели, изјави Дрндиќ за наградата.

Дрндиќ е родена во Загреб. Од 1999 година работи како професор на Филозофскиот факултет во Риека, и предава модерна британска литература, американска и британска модерна драма, литература и филм, и креативно пишување. Предавала и на Универзитетот во Торонто. Активна е и како преведувач, пишува радиодрами, литературна критика, есеи... Учествувала на бројни книжевни резиденции низ Европа. Објавила десетина книги од областа на прозата и литературната критика.

За документарниот роман „Sonnenschein“ ги доби наградите „Фран Галовиќ“ и „Киклоп“ - двете за најдобра прозна книга во 2007 година, а беше номинирана и за книжевната награда на Јутарњи лист. Докторската дисертација на Даша Дрндиќ е на тема „Феминистички ракопис или политичка парабола: идеите за феминизмот и левицата во драмите на Лилиан Хелман”.

Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ го организира издавачката куќа „Икона“. Првото издание се одржа од 4-ти до 6 март 2013 кога наградата „Прозарт“ ја доби српскиот писател Владислав Бајац. Гости писатели лани беа Андреј Блатник од Словнија, Алек Попов од Бугарија, Андреј Николаидис од Црна Гора и Миљенко Јерговиќ од Хрватска. /МИА

Намалени од 50-70 % од компензациите за жртвите во терористичкиот напад во САД од 11.09.2001

Недостасуваат пари во фондот за компензација на жртвите во терористичкиот напад од 11-ти септември во 2001 година во САД.

Поради тоа исплатите се намалени од 50-70 посто соопштиле од фондот додавајќи дека се свесни колку ситуацијата не е фер но и дека се преферира сите да добијат некоја одредена износ , отколку некои жртви да останат без компензација.

Дел од Куманово вечерва без вода поради вградување мерна опрема

Дел од граѓаните на Куманово вечерва ќе се соочат со недостиг на вода, а жителите од ниската зона со намален притисок на вода, информира јавното претпријатие „Водовод" .

Вечерва од 23 часот времено ќе биде затворена водата за ниската и средната водоводна зона поради вградување мерна опрема и замена на старите затворачи со нови во кругот на фабриката за преработка на вода за пиење (Филтер станица).

Во повисоките делови на ниската и средната водоводна зона ќе има недостиг на вода, додека во пониските делови ќе биде намален притисокот. Во високата зона водоснабувањето ќе биде редовно.

Од „Водовод" информираат дека активностите ќе бидат завршени во краток рок, со што водоснабдувањето ќе се нормализира уште во раните утрински часови.

Вградувањето на мерната опрема и замената на затворачите се реализира во рамки на проектот „За употреба и одржување на водоснабдителниот систем на Куманово", кој се спроведува преку Министерството за транспорт и врски. Изведувач на проектот е фирмата „ЦМЦ" од Скопје./МИА

Меркел: Светскиот поредок се распаѓа, мора да ја спасиме Европа

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека мулилатералниот светски поредок се распаѓа, но и дека тоа не значи дека треба да се уништи.

Како што пренесува „Хина“ Меркел ја критикувала националистичката политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Мора да се бориме за Европа, мора да се бориме за мулилатерализмот , против оние кои мислат дека се можат само“, изјавила Меркел на минхенската безбедносна конференција.

Официјален Берлин е загрижен за мултилатералната соработка по повлекувањето на САД под раководство на претседателот Трамп од неколку меѓународни договори, вклучувајќи го и Парискиот климатски договор и иранскиот нуклеарен договор, двата потпишани во 2015 година.

Ретко кога во историјата САД и Германија имале толку многу несогласувања, во моментов се спорат околу Иран, одбранбената пресметка, гасоводот Северен тек кој би требало да донесе руски гас во Германија.

притисни ентер