Пратениците Павловска-Данева и Ѓорчев на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Пратениците Ана Павловска - Данева и Владимир Ѓорчев денеска и утре ќе учествуваат на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена.
Како што соопшти собраниската прес-служба, во агендата на ова заседание на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, и ќе биде дискутирано за Парламентарната контрола на вооружените и безбедносните сили: обезбедување на транспарентност на национално и меѓународно ниво, Соработката во управување со води во просторот на ОБСЕ, Владеење на правото во просторот на ОБСЕ и за претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што ќе се одржи од 28 јуни до 2 јули 2014 година во Баку.

Специјалната дебата на оваа сесија ќе биде Подемот на екстремизмот, радикализмот и ксенофобијата: предизвици за регионот на ОБСЕ.

На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе им се обрати Ранко Кривокапиќ, претседател на ПС на ОБСЕ, Барбара Прамер, претседател на австрискиот парламент, и генералниот секретар на ОБСЕ амбасадорот Ламберто Заниери.

Филипче: Сметот кај Ургентен центар ќе биде исчистен, распишан е и тендер

Сметот направен кај Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“ ќе биде исчистен од  екипа на „Комунална хигиена“, а во тек е и тендер за избор на компанија која ќе го спроведува чистењето, изјави денеска министерот за здравство Филипче.

- Точно е дека има проблем и тој е резултат на тоа што се прекина тендерската постапка за чистење. После долги години, интегенциите се враќаат во Службата за општи и заеднички работи која ги менаџира заедничките потреби на сите клиники во рамки на кампусот Мајка Тереза и тие се во постапка на тендер за добивање на компанија која ќе го спроведува чистењето, појасни Филипче.

Во меѓувреме, со градоначалникот на Град Скопје договорено е екипа на „Комунална хигиена“ да го исчисти целото ѓубре, а направен е договор и следниот месец тоа да се одвива тековно. 

Миновски: До крајот на летово барање за А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола

 До крајот на летово АД ЕЛЕМ ќе поднесе барање за добивање А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола, најави денеска генералниот директор на Електрани на Македонија, Драган Миновски. 

- Во моментов работната група ги собира податоците и се прават анализи  кои се проекти треба да се реализираат за да се добие дозволата. Очекувам набрзо да излеземе со предлог до Министеството за животна средина и просторно планирање за добивање на дозволата, рече Миновски, одговарајќи на прашање на прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека не сака да шпекулира со точни термини и додаде дека е најбитно работната група квалитетно да си ја заврши работата.

- Тоа е еден процес кој е долг и значаен за самата компанија и затоа е неопходно квалитетно да се заврши, потенцира Миновски.

Прашан до каде е реализацијата на проектот Чебрен и Галиште за кој премиерот Зоран Заев недомна најави дека ќе се реализира преку АД ЕЛЕМ и ќе чини 220 милиони евра, Миновски рече дека станува збор за владин, а не за проект на АД ЕЛЕМ.

- Со одлука на Влада веќе е формирана работна група која имаше два состанока до сега. Во неа работат експерти, а има и претставник од АД ЕЛЕМ и во моментов се анализираат можностите за градба и кој тип на брана да се реализира, рече Миновски и додаде дека нема конкретни датуми до кога да се донесе одлуката. 

Интервјуто со Заев урна рекорди!

Синоќешното интервју со премиерот Зоран Заев во „Само Вистина“ на Канал 5 ги урна рекордите на гледаност на емисијата во оваа сезона.

 „Само Вистина“ останува убедливо најгледана политичка емисија во македонскиот етер!

притисни ентер