Министерката Јанкуловска бара милион денари отштета за клевета од Шилегов

Милион денари отштета за клевета бара министерката Гордана Јанкуловска од портпаролот на СДСМ Петре Шилегов во процесот кој денеска почна пред скопскиот граѓански суд.

Шилегов лани во септември во серија партиски прес конференции соопштуваше дека Јанкуловска има повеќе станбен простор откога дошла на власта. Министерката го негираше тоа и му понуди увид во документите, но Шилегов продолжи со тврдењата по што следуваше тужба. Тужениот тврди дека информациите ги презел од официјални документи на државните институции и во прашална форма ги презентирал податоците.

Министерката Јанкуловска не се појави во судницата ниту го слушна исказот на тужениот Шилегов. Таа го тужеше Шилегов поради изнесување на парцијални и неточни податоци за нејзината имотна состојба поради што и бил нарушен угледот, а психијатарот Новотни и издал уверение за последиците од настапите на Шилегов. Нејзиниот застапник ќе коментира по крајот на процесот.

Во тужбата е наведено дека Шилегов и покрај јавно покажаните документи од страна на министерката продолжил со своите тврдења за кои таа смета дека се клевета. Пресудата ќе биде изречена на 28-ми февруари.

Заев: За три години преку мудри и одговорни политики ги остваривме стрешките цели

За само 2,5 години постигнавме многу, заедно успеавме од заробена држава да ја внесеме земјата во НАТО, да ги откочиме интегративните процеси и цврсто да зачекориме кон ЕУ.

За само три години преку одговорни и државнички одлуки ги остваривме стратешките цели на државата и се гордееме со тоа што заедно со сите наши граѓани.

Денес ние сме 30 земја членка на НАТО, на иста маса со најмоќните, најсилни и најразвиени земји. Денес, нашите граници се обезбедени, нашиот мир е загарантиран.

Денес Северна Македонија е пред почеток на процесот на преговори со ЕУ, наскоро ги отвораме и првите поглавја.

Сето ова го остваривме зачувувајќи го македонскиот идентитет, важен за нас Македонците. Благодарни сме на Албанците, Ромите, Србите, Власите, Турците, Бошњаците и на сите други помалку бројни етнички заедници за солидарност која ја имаа за решавање на оваа прашање.

Како предводник на најголемата мултиетничка коалиција во државата горди сме што успеавме заедно, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, сите.

Почитувани граѓани,

Речиси три децении нашата држава споро чекореше кон интеграција во ЕУ и НАТО, наша цел поставена уште од Денот на независноста.

11 години со ВМРО-ДПМНЕ тоа беше невозможна мисија, наместо интеграција, имавме изолација, наместо напредок, имавме режим, етнички тензии и поделби.

Ние, за само три години покажавме дека можеме, можеме да ги решиме споровите, можеме да ги отвориме вратите на ЕУ и НАТО, да ги отвориме Фондовите за сите наши граѓани.

2,5 милијарди евра европски пари ни стојат на располагање во следниот период. Европски пари за европски стандарди дома но и за полесно справување со последиците од коронавирусот.

Подготвени сме, знаеме и можеме да отвориме 80 отсто од поглавјата до 2024 а за шест години, да го затвориме целиот преговарачки процес со Европската унија.

Ова е нашата понуда за следните 4 години. Точно знаеме каква држава сакаме да биде Северна Македонија во 2024 година. Слободна, демократска, европска држава, интегрирана, пријател со соседите.

Од другата страна, од ВМРО-ДПМНЕ немаме ништо освен обнова на режим со истите луѓе на Никола Груевски, нема ништо освен нова изолација, нови кавги внатре и со соседите.

Затоа е важно да не застанеме, заедно да продолжиме, да го завршиме започнатото.

На 15 јули се носи уште една голема одлука.

Одлучуваме за иднината, наша и иднината и на нашите деца.

Одлучуваме дали ќе продолжиме напред или ќе се вратиме назад во минато, поделби, изолација и режим.

Само глас за коалицијата Можеме е сигурност за да продолжиме напред и да не ја доведеме во опасност државата од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа ве повикувам масовно да излеземе на гласање на 15 јули. Да одбереме да продолжиме на прав пат кон ЕУ и НАТО.

Ја бараме вашата поддршка за да продолжиме напред уште побрзо.

Заедно можеме, уште повеќе и уште подобро.

претседателот на СДСМ и носител на листата во ИЕ 4, Зоран Заев

Трипуноски: 640 милиони евра за субвенции за земјоделците - Изберете обнова!

 640 милиони евра за субвенции за земјоделците, покривање на полиси и проекти за наводнување. Изберете обнова!

Драги земјоделци, се наоѓаме пред крстопат и пред нас се две опции. Едната е да останеме во калта заглавени и безперспектива, коja ни ja нуди СДСМ, и втората е одбереме да си ја обновиме државата со над 1000 мерки и проекти на кои се обврзуваме како ВМРО-ДПМНЕ.

Три години зeмјоделците едвај врзуваат крај со крај. Три години земјоделството не само што не оди напред, туку и стагнира. СДСМ ветуваа дека ќе обезбедат сигурен откуп и високи откупни цени, разни финдови,модернизација, ветуваа европско земјоделство, а сега имаме земјоделество како од 19 век.

Голготата на земјоделците мора да заврши.

ВМРО-ДПМНЕ има план и стратегија за обнова на Македонија. Знаеме како, и се обврзуваме заради вас, вашите и наши деца. Македонија мора да ја биде.

За наредните четири години предвидуваме 640 милиони евра за субвенции, кои ќе бидат навремени и ќе се делат правично, не по партиски списоци, како што се прави тоа во моментов.

Се обврзуваме да инвестираме во одржување и изградба на системи за наводнување на земјоделските парцели ширум нашата држава, инвестиција која што ќе биде во висина од 80 милиони евра.

Предвидуваме многу и за младите кои сакаат да се занимаваат со земјоделество.

Неповратни средства ќе им бидат достапни на сите млади кои ќе сакаат нивната основна дејност да биде земјоделство, со кои ќе можат да набават механизација и друг вид на опрема потребна во процесот на обработка на земјиштето.

Се обврзуваме никогаш повеќе земјоделците да не се чудат како ќе го прехранат семејството затоа што родот им го уништиле временски непогоди. Во таа насока ќе ги покриваме полисите за осигурување на земјоделските насади и посеви во висина од 70%.

Имаме стратегија како да го промовираме извозот и да овозможиме поголеми откупни цени на земјоделските производи.

Дајте ја вашата поддршка за луѓе кои знаат да сработат, да го реализираат ветеното и да го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова! Гласајте за број 14 и за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Мета: Во Македонија постои клима на безбедност и демократија

-Заслепеноста да се задржи или да се преземе власта по секоја цена, кај нас придонесе да изгледаме како да со нашиот источен сосед, припаѓаме на два далечни континента, додава Мета во објавата на Фејсбук.

Во Македонија изборите ќе се одржат само по неколку дена, но постои клима на безбедност и демократија, која преовладува благодарение на зрелоста на политичкото лидерство во целина, но и нормалното функционирање на институциите, оценува албанскиот претседател Илир Мета.

Правејќи споредба со состојбата во неговата земја, тој додава дека „за жал кај нас, иако сеуште нема датум за избори, сепак, постои вештачка напнатост на хоризонтот, како да изборите ќе бидат утре".

-Заслепеноста да се задржи или да се преземе власта по секоја цена, кај нас придонесе да изгледаме како да со нашиот источен сосед, припаѓаме на два далечни континента, додава Мета во објавата на Фејсбук.

Според него во Албанија расте пандемијата со Ковид-19 , заедно со дефицитот и јавниот долг.

Посочува дека не смее да се изгуби ниту една минута во исполнувањето на битните услови за започнување преговори, со цел Албанија, заедно со соседите, да чекори кон Европската унија.

-Справувањето со пандемијата и исполнувањето на условите треба да бидат двете главни цели за сите. Првиот го штити здравјето и животот на секој граѓанин, а вториот ја спасува европската иднина на Албанија за која сите се колнат со зборови и програми. Сега е времето за добри дела, наведува шефот на албанската држава Илир Мета во објава на Фејсбук.

притисни ентер