Почнува судскиот процес за пожарот што избувна во Македонски пошти

Денеска во Основниот суд Скопје 1 ќе започне судската постапка против шефот на кабинетот на директорот на АД „Македонска пошта“, Арменд Фазлиу, за предизвикување на големиот пожар што се случи на 15 јануари минатата година во оваа државна компанија.

Фазлиу е обвинет за тешко кривично дело против општата сигурност за кое е предвидена затворска казна од една до десет години. Според истрагата, причина за пожарот што избувнал во канцеларијата на шефот на кабинетот е човечки фактор. Пожарот, кој за среќа заврши без човечки жртви, избувнал во 16,30 часот во неговата канцеларија на првиот кат од зажарено тело. Во судска постапка ќе треба точно да се утврди како точно дошло до избувнување на пожарот – дали причината е цигара, решо или нешто трето. Проценетата штета се проценува на околу сто илјади евра, но во оваа сума не е влезено уништувањето на муралот на сликарот Борко Лазески, чија вредност треба дополнително да се утврди.

Како еден од главните сведоци што треба да се појават во судницата се очекува да биде и директорот на „македонска пошта“ и експратеник од ДУИ, Рафиз Алити. Во моментите кога избувнал огнот во централата на „македонска пошта“ објектот не бил осигурен, бидејќи изборот на најдобра осигурителна компанија бил во тек.

Неполн месец по избувнувањето на пожарот како најповолен понудувач, кој ретроградно ќе го осигури имотот на Пошта, е избрана осигурителната компанија „Кроација осигурување“.

Фазлиу инаку се наоѓа во куќен притвор.

Во Србија се уапсени 17 лица, кои правеле и продавале лажни дипломи од факултети и училишта

Припадници на МВР, УКП, Служба за борба против организиран криминал, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, привеле 17 лица припадници на две организирани криминални групи.

Припадници на МВР, УКП, Служба за борба против организиран криминал, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, привеле 17 лица припадници на две организирани криминални групи, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела здружување заради сторени кривични дела и фалсификување исправи во продолжено време, а четворица уапсени од овие ОКГ се товарат и за кривично дело злоупотреба на службената положба, објави Телеграф.

Уапсени се Р.Б.(1959), А.Б.(1988), Б.Д.(1976), С.К.(1984), Б.Ѓ. (1963), Д. Г. (1954), С. К. (1961), И. Д. (1994), М. Б. (1951), М. П. (1956), З. Н.П.(1969), В.С.(1984) и Л.Р.С. (1968).

Во периодот од април 2023 година до денес, осомничените во илегална печатница на територијата на Белград направиле повеќе од 400 лажни јавни исправи - договори, полномошни, дипломи од средни, високо и високообразовни установи, со намера дека клиентите да ги користат како што се направени и стекнати на легален начин. На овој начин, како што се сомнева, прибавиле противправна имотна корист од над 12 милиони динари. Меѓу уапсените се и две лица вработени во Министерството за државна управа и локална самоуправа, како и едно лице вработено во МВР, кои се осомничени дека ја искористиле службената положба за вршење проверки преку затворените бази на матичната евиденција, за лица за кои се изготвени фалсификувани документи. Исто така, уапсено е и едно лице вработено во Министерството за образование, за кое се сомневаат дека искористувајќи ја службената положба со овие фалсификувани документи, за одредена сума пари вработувал лица во државни институции.

Осомничените со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното Јавно обвинителство за организиран криминал.

ДИК : Силјановска Давкова со 37,80 % , Пендаровски 18,66 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 59,61 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,80%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,66 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 15,63 % , Максим Димитриевски 8,09% , Арбен Таравари 11,39 % , Билјана Ванковска 4,49 % и Стевчо Јакимовски 0,96%.

Стево Пендаровски

97.592 | 18,66%

Гордана Сиљановска Давкова

197.741 | 37,80%

Стевчо Јакимовски

4.997 | 0,96%

Бујар Османи

81.748 | 15,63%

Билјана Ванковска Цветковска

23.472 | 4,49%

Арбен Таравари

59.591 | 11,39%

Максим Димитриевски

42.296 | 8,09%

(21.05 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 61% : Силјановска 246977 , Пендаровски 115722гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 60 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 130.000 гласови пред Пендаровски

притисни ентер