Г.г. Стефан: Внимавајте на туѓата експанзија во Македонија!

Слободните денови за Бадник и за Божик се дадени за да се прославува верското, а не за да се трошат на недуховни работи, порача поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија на денешната божикна литургија.

Во посланието од господин господин Стефан и Светиот синод на МПЦ уште од верниците се бара да внимаваат на културната, верската и на други видови на експанзија кои доаѓаат од надвор.

Празникот на Христовото раѓање е мајка на сите празници и темел врз кој е изградено христијанското празнување. Без Божик немаше да има ни Велигден, ни Духовден, порача архиепископот г.г. Стефан преку божикното послание, кое беше прочитано пред верниците кои дојдоа да ја следат Златоусовата литургија во Соборниот храм во Скопје.

Во ова божиќно послание акцентот е ставен на начинот и на суштината на празнувањето. Наместо со земни задоволства, забави и патувања, да се празнува во црквите со богослужба порачаа од Синодот на МПЦ.

- Денес, пак, многумина меѓу нас, во деновите кога црковни настани празнуваме и на државно ниво, заминуваат на најразлични места, заборавајќи дека празникот е за празнување со богослужби, духовни содржини и посети на свети места. Со тоа, пред сè, најнапред се понижува и омаловажува благочестивата христијанска традиција, а на нејзино место се воведуваат обичаи и начини на прославување на таканареченото модерно време – се вели во посланието што го прочита отецот Драги Костадинов.

Времето во кое живееме има предности но, и предизвици и искушенија. Затоа, пораката од архиепископот и на Синодот е децата од мали да се учат на христијанските вредности.

Особено треба да внимаваме и на најновата туѓа културна, историска, економска и духовна експанзија, која во вид на најразлични содржини постојано го окупира нашето секојдневие, сакајќи да врати нешто од минатото, да нè научи на други навики, верувања и особини.
Слободата на изборот, во секоја смисла, треба да се почитува. Но православниот христијанин се покажува и потврдува не само со името, туку со верата и делата на православното живеење.

Граѓаните утрово се молеа за здравје, љубов и бериќет, а попладнево со семејствата во добро расположение ќе го прослават Божик.

Верниците кои постеле, денеска се причестија.

Галант: Половина од командантите на Хезболах загинале од 7 октомври

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант тврди дека од 7 октомври 2023 година во израелските напади се убиени половина од командантите на Хезболах во јужен Либан, додека добар дел од нив сега ги напуштаат своите позиции.

„Нашата главна цел беше и останува да создадеме поинаква безбедносна ситуација овде (во близина на сината линија која ја повлекоа Обединетите нации) и дека жителите на северен Израел можат безбедно да се вратат во своите домови. Во овој поглед, разгледуваме неколку решенија“, изјави Галант. /МИА

ЕУ бара независна истрага за масовните гробници во болниците во Газа

ЕУ денеска објави дека бара „независна“ истрага за масовните гробници во близина на двете главни болници во Појасот Газа.

„Бараме независна истрага за сомнежите и околностите на тоа откритие, бидејќи тоа создава впечаток дека можело да има прекршување на човековите права“, рече Петер Стано, портпарол на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

ОН вчера повика на независна истрага за масовните гробници откриени во двете главни болници во Појасот Газа.

Во изјавата, високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк рече дека е „ужасен“ од уништувањето на најголемата болница во Газа, болницата Ал Шифа и медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, како и од откривањето на масовните гробници до нив.

Израелската армија негираше каква било одговорност и рече дека е „неосновано верување“ дека ги закопала телата на Палестинците.

Претставник на цивилната одбрана во Појасот Газа вчера изјави дека неговите тимови во саботата откриле тела на 340 луѓе во масовни гробници во кругот на болницата „Насер“. /МИА

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

притисни ентер