Успешна приказна: Четригодишното дете со глауком прогледа

Операцијата е направена без пари во европската очна болница
Четиригодишниот Самоил за прв пат го виде ликот на мајка си  Перијан. Три дена по направената операција на левото око во Европската очна болница, тој почнува нов живот. Сонот вреден шест илјади евра за него, стана јаве.

„Не можам да верувам дека Самоил ќе гледа, многу сум среќна навистина не знам што да кажам“, низ солзи раскажа Перијан Усеин, мајка на Самоил.

Додека докторот раскажуваше за успешната операција на Самоил кажа дека и наредната операција како и оваа ќе биде бесплатна, заедно со идните контролни прегледи. Перијан не можеше да ги сокрие солзите од радост, зашто прв пат некој им помогнал без да им наплати. Врвниот очен доктор среќен што операцијата е успешна.

„Самоил ќе може да го гледа цел свет, не само лицето на неговата мајка. Овие операции се тешки, ама успешна кај Самоил со големи резултати“, изјави д-р. Фарук Семиз Европска, Очна болница.

Самоил е роден со глауком на двете очи. Тој од денес ќе може да оди сам без ничија помош. Светот на сенките за него се минато. 

Попладне дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно претпладне со почести сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи особено на север и на запад.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне и со услови за појава на нестабилност со повремено пороен дожд и грмежи. Температурата од 14 до 27 степени.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време, претежно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Во среда и четврток се очекуваат поинтензивни процеси, особено во западните и северните делови. Во петок и сабота ќе има појава на повремен локален дожд./МИА

Пресуда за Поповски за случајот „Триста“

Во Кривичниот суд денеска ќе биде соопштена пресудата за предметот „Триста“, во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила.

На минатото рочиште беа изнесени завршни зборови на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство и на одбраната.

СЈО побара осудителна пресуда за Поповски за кривичното дело за кое е обвинет, за што е предвидена казна затвор од четири до 15 години.

Одбраната, пак, побара Поповски да биде ослободен од обвинението. Поповски пред Судот кажа дека не е виновен и оти постапката што се води против него сериозно влијаела на неговото здравје. Рече и дека во изминатиот период се соочил со многу закани, уцени и притисоци, но не прецизира од кого. Тој се пожали и дека му бил даден отказ од МВР во, како што наведе, сомнителна дисциплинска постапка.

Ѓоко Поповски е обвинет дека со јавната набавка на 300 возила за МВР го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди. 

Нови судски рочишта денеска во Кривичниот суд треба да се одржат за предметите на СЈО „Тарифа“, „Титаник 2“ и „Труст“. /МИА

Собранието ќе ја продолжи 46. седница

Собранието денеска ќе ја продолжи 46. седница, која вчера беше прекината, откако пратениците го усвоија Законот за енергетика. 

Предлог на закон за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка е на дневен ред на денешната седница.

На дневен ред се и дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронско управување, дополнет предлог на закон за изменување на Законот за заштита на природата и дополнет предлог на закон за изменување на Законот за животната средина, сите во второ читање.

Пратениците ќе расправаат и за годишните извештаите за работата во 2017 година на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Агенцијата за администрација, на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. /МИА

притисни ентер