МОН потпиша Меморандум за соработка со Чешката филмска aкадемија

Во рамки на програмата за континуирано работење на зајакнување на капацитетите во високото образование и со цел отворање нови можности за студирање на македонските студенти кое го обезбедува Министерство за образование и наука на Република Македонија, денеска во Прага беше потпишан Меморандум за соработка со Филмската академија ФАМУ од Чешка.

Меморандумот од македонската страна, по претходно овластување, го потпишаа македонскиот амбасадор Паскал Стојчески и ректорот на Академијата за сценски уметности-АМУ Јан Ханчик, јави дописникот на МИА од чешката метропола.

- Меморандумот е многу важен чекор кој ја прецизира соработката на Академијата за филмска и телевизиска уметност(ФАМУ)и Академијата за сценски уметности (АМУ) за развој на наставата во аудиовизуелните програми во Македонија, изјави за МИА, деканот на ФАМУ, Павел Јех.

Јех, додаде дека за македонските студенти кои ја поминуваат програмата на ФАМУ, ова е уште еден чекор кон тоа да ги искористат своите стекнати знаења во Прага, понатаму во Македонија.

Според Јан Ханчик, ректор на Академијата за сценски уметности (АМУ) со Меморандумот се предвидува формирање на мешовит тим кој ќе работи на исполнувањето на сите предуслови за отпочнување на имплементацијата на студиските програми на ФАМУ, кои се веќе добро познати, во новата филмска академија, којашто е составен дел од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Ханчик додаде дека со адаптирање на условите ќе се применат избрани програми на чешката меѓународно позната филмска Академија.

- Меморандумот претставува продолжение на успешната соработка меѓу Министерството за образование на Република Македонија и чешката ФАМУ која е отпочната пред 3 години, а преку која 10-на македонски студенти денеска студираат на оваа престижна филмска академија. Со овој важен документ, се поставуваат темелите за идната академска соработка меѓу ФАМУ и идната филмска школа во Македонија, чие седиште ќе биде во Охрид, оцени амбасадорот Стојчески.

Според Борче Алексов, помошник раководител за Високо образование во Министерството за образование и наука на РМ, Меморандумот конкретно обезбедува отпочнување на постдипломски студии од т.н Програма за заедничка диплома која што ќе се издава и од Универзитетот ,,Гоце Делчев" и од ФАМУ во Прага.

Студиската програма ќе биде акредитирана и според планираното се очекува центарот во Охрид да прерасне во регионален Центар на ФАМУ во кој ќе се школуваат студенти од нашата и од околните земји.

Програмите ќе се одвиваат на англиски јазик, што е во функција на политиките за Високото образование во Република Македонија и обезбедување на неговата интернационализација.

Според Алексов, планирано е идната академска година да започнат постдипломските студии на ФАМУ во Охрид.

Академијата за филм и телевизија во Прага (ФАМУ) е еден од трите факултети во рамките на Академијата за сценски уметности во Прага (АМУ).

Основана е во 1947/1948 година, и е петта најстара филмска школа во светот.

Едни од студентите на ФАМУ се режисерите и писатели Јиржи Менцел, Милан Кундера, Милош Форман, Емир Кустурица, Лордан Зафрановиќ, Вацлав Хавел, како и македонскиот режисер, продуцент и сценарист Иво Трајков. /Извор МИА.

Во тек преговори за формирање нова хрватска Влада, Пленковиќ најавува парламентарно мнозинство

Во Хрватска денеска се очекува да започнат преговорите за формирање на владејачкото мнозинство, бидејќи ниту една партија на вчера одржаните парламентарни избори, не освои доволно мандати самостојно да формира влада.

Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои најмногу гласови, што на таа партија и дава најголеми шанси да формира ново мнозинство, но изборните резултати сугерираат дека ќе има тешки преговори за тоа.

„Наскоро ќе дознаете со кого ќе го формираме мнозинството во Саборот. Со некои колеги разговаравме во изборната ноќ, разговорите ги продолжуваме денеска“, објави на Фејсбук премиерот и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

Според последните податоци на Државната изборна комисија речиси од сите обработени избирачки места, ХДЗ освоила 61 мандат, односно 58 мандати во десет изборни единици во Хрватска и три во посебната 11-та изборна единица за дијаспората.

Тоа е вкупно пет мандати помалку отколку на последните парламентарни избори, кога Пленковиќ брзо дојде до мнозинство од 76 гласа во Парламентот со поддршка од осум претставници на националните малцинства, меѓу кои и тројца од Независната демократска српска партија (СДСС) и двајца претставници на мали либерални партии.

Коалицијата на левиот центар предводена од опозициската Социјалдемократска партија (СДП) освои 42 мандати, еден мандат повеќе отколку на изборите во 2020 година Таа партија немаше листа во 11-тата изборна единица.

На трето место е десничарското Движење Татковина со 14 мандати, Мост освои 11, а зелено-левичарската партија Можемо десет мандати.

Во Саборот ќе влезат и неколку помали партии од левиот центар, регионалниот Истарски демократски сабор и Независната платформа Север имаат по два мандата, а еден има коалицијата Фокус-Република.

„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили

 Апликацијата „Гугл мапс“ за „Андроид“ и „Андроид авто“ доби надградба што со помош на вештачката интелигенција, ќе нуди попрецизни насоки како да се дојде до најблискиот полнач за електрични автомобили.

Се работи за функции што, според познавачите, ќе овозможат полесна навигација, како и безгрижно и лесно планирање на долги патувања.

ВИ-алгоритмот собира кориснички коментари што содржат точни податоци за локацијата на полначот и како да се стигне до него. Описот може да содржи и дополнителни информации околу времето на чекање итн.

Додека електромобилот е во движење, „Гугл мапс“ ќе може да му предложи на возачот и други станици за полнење во близина. „Гугл мапс“ ќе може да нуди и план за долги патувања, на пр. со повеќе застанувања. Станиците за полнење електрични возила ќе бидат предложувани врз основа на нивото на батеријата, брзината на полначот и достапноста - сѐ тоа во реално време.

Повеќе од 15 членови на семејството Кенеди ќе го поддржат Бајден на претстојните избори

 Повеќе од 15 членови на познатото семејство на поранешниот американски претседател Џон Кенеди ќе ја поддржат кандидатурата за реизбор на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Со овој потег тие ќе се обидат да ја намалат легитимноста на кандидатурата на Роберт Кенеди Џуниор, син на родениот брат на поранешниот претседател Џон Кенеди.

„Можам само да замислам колку би бил ужасен татко ми Роберт Кенеди од неверојатните лаги и однесување на Доналд Трамп“, рече Кери, сестрата на Кенеди Џуниор, додавајќи дека нејзиниот татко се залагал за „еднаквост, човекови права и слобода, токму како што денес тоа го прави претседателот Бајден“.

притисни ентер