Близначки од пекол: Нарачале убиство на љубовник!

Сандра и Марија Ј., близначки од Белорусија, кои неколку години живеат во Пореч, Хрватска, наговориле свој врсник да го убие Зијо Мурати, угостител од соседниот град Ровињ, со кој една од нив била во врска.
„Девојките се класични спонзоруши и очигледно се подготвени на се. Но, кој можел и да сонува дека ќе отидат толку далеку“, изјавил еден нивен познаник за Јутарњи лист.

28-годишните близначки веќе се зад решетки, а хрватските медиуми ги нарекоа „Близначките од пекол“.

Според досегашни сознанија, двете сестри, за кои малку се знаело бидејќи дури од неодамна живеат во Пореч, а претходно живееле во Белград и во Белорусија, убиството го планирале од чисто материјален интерес. Имено, едната од нив извесно време била во врска со богатиот угостител, кој дури и купил и стан во кој двете живееле.

Но, „спонзорот“ не го препишал станот на девојките и кога врската „пукнала“, побарал да се иселат. Тоа ги загрижило и налутило девојките и побрзале да се „ослободат“ од газдата пред тој присилно да ги исели. Наговориле еден свој врсник на кој му ветиле и 50.000 евра ако го убие Мурати. Кога момчето се обидело да се „извлече“, тие и него му се заканиле.

Исплашено за своја безбедност, момчето случајот го пријавило во полиција. Мурати пак, кога од полицијата дознал дека девојките планирале негово убиство, избегал од градот.

Одговор на едно прашање открива каква е во кревет!

Доколку сакате да дознаете колку лесно и со задоволство се впушта во секси авантури, само прашајте ја кога оди на спиење.

Еве едно интересно прашање за прв состанок: дали одиш рано на спиење?

Жените кои доцна легнуваат обично се помалку сексуално инхибирани од оние кои одат рано на спиење, сугерира истражувањето објавено во списанието Personalityand Individual Differences.

Истражувачите откриле дека жените кои сакаат да останат будни подолго време, а потоа го преспиваат утрото се поотворени за секс со странец од оние кои одат порано на спиење.

-Наједноставното објаснување е дека жените кои бараат врска за една ноќ, тоа го прават навечер, кога се одржуваат друштвени активности- вели авторот на студијата Конрад Јанковски.

Освен тоа, мажите се природно повеќе ориентирани кон ноќта, па дамите кои ја преферираат ноќта имаат повеќе можности да се “смуваат” со нив.

Два начини со помош на кој можете да ја запрете тахикардијата за помалку од 1 минута (фото)

Ви нудиме два едноставни, но ефикасни методи кои може да ви помогнат кај забрзано  чукање на срцето.

Кај нагло снижување на температурата човечкото срце почнува да чука забавено, На тој начин нервниот систем го прилагодува организмот на новите услови. Срцето најбргу „реагира“ кога ќе се излади лицето, затоа што тоа му поблиску од останатите делови на телото.

Затоа се препорачува во случај  на тахикардија да се стори следното:

Првиот начин

Во длабок сад сипете студена вода. Колку е постудена, тоа е подобро, па затоа ако имате мраз додадете го и него. Задржете го здивот, ако треба и со прстите стиснете го носот и нагло спуштете го лицето со студената вода на неколку секунди.

Ако немате соодветен сад, зграбете вода со дланките и спуштете го лицето во нив. Исто така, можете малку и да ја масирате кожата на лицето со коцки мраз, обрнувајќи внимание на пределот околу слепоочниците.

Вториот начин

Со оваа процедура делуваме на нервот кој го регулира бројот на контракциите на срцето. Техниката се изведува на следниот начин: земете длабок здив и напрегнете ги стомачните мускули. Со палецот и показалецот затворете го носот, затворете ги и устата и очите. Обидете се  со затворениот нос и устите да направите издишување, додека и понатаму ги напрегате стомачните мускули.

Ниту еден од горе наведените методи не смеете да ги применувате доколку тахикардија ја следи силна болка во градите или чувство на недостаток на воздух. Во вакви ситуација единственото решение е да повикате брза помош.

Научете како самите да си направите модерна фризура која ќе ја носите цело лето (видео)

Кога ќе дојде летото многумина девојки имаат проблеми затоа што сакаат да направат нешто со својата коса, но како и да ја вртат и што и да прават, некако на крајот се завршува така што ќе ја врзат во опавче.

Меѓутоа, постои одличен начин како да бидете стилизирани, со модерна фризура, а сепак да не „умирате“ од жештина.

Фризурата „круна“ оправдано станала една од омилените помеѓу  припадничките на понежниот пол, токму поради нејзината практичност, но и мошне лесно правење.

притисни ентер