Голем пожар во Скопје - 20 куќи целосно изгорени

20тина куќи изгореа во голем пожар кој околу 2 часот избувнал во скопската населба Циглана.
„Сите спиевме тука. Почнавме да трчаме надвор и плафонот падна доле. Пожар голем. Се беше во секунда. Страшно беше да не можеш ништо да спасиш“.

Ова го раскажа Рашида Осман чиј дом е еден од 30тината кои ноќеска изгореа во стравичниот пожар кој избувна во Топанско поле. Повредени нема но предизвикана е голема материјална штета Пожарот среде ноќ ги разбудил жителите од ова маало. Во паниката која настанала успеале да само да ги извадат своите деца. Некои не успеал ни палта да облечат.

Пожарот избувнал во 2 часот. Утринава пожарникарите се уште беа на лице место за да го изгаснат и последното жарче. Дали причината за пожарот доаѓа од електрична инсталација или нешто друго никој не можеше да каже. Увидот и анализите на крим техника ќе треба да го дадат одговорот на ова прашање. Според жителите пламената стихија започнала од првата кука во која никој не живеел. Пламените јазици брзо се ширеле низ куките кои се речиси залепени една до друга.

- Интервенираа 45 пожарникари со 17 против пожарни возила и не дозволија проширување на соседните објекти освен оние кои беа запалени изјави командантот на противпожарна бригада Благоја Менковски.

На утринското светло граѓани вознемирени ги гледаа остатоци од пеплосаните домови. Веќе на пладне добија малку надеж. Претставници на централните и локалните власти најавија помош за еден од најголемите пожари кој го зафатил Скопје. Додека да се санираат опустошените куки 120тината жители можно е да бидат сместени во одморалиштето во Љубанци.

-Набрзо ќе им биде доставена храна облека и средства за хигиена. Дополнително ќе помогнеме и со парична помош. Сите заедно во нашите надлежности ќе дадеме максимална поддршка за што побрзо да се згрижат овие луѓе и да се обезбедат средства за реконструкција на нивните домови изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика

- Градот Скопје, од вторник среда, ќе им помогне со милион и пол денари доколку се 30 семејства а дополнително ќе видиме на Советот на градот Скопје што може да помогнеме изјави, Коце Трајановски, градоначалник на Скопје

И првите луѓе на општината и советот на Бутел ветија парична помош за настраданите за што во вторник ќе свикаат вонредна седница. На лице место беа и екипи на Црвениот крст и на итната медицинска помош.

Резултати од анкетата за цените и квалитетот на интернет услугите

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.202 испитаници во земјава, од 16 февруари до 7 март 2019 година.

 Задоволството на граѓаните од цените и квалитетот на услугите во мобилната телефонија и интернетот, ќе бидат презентирани денеска на информативна средба со медиумите што ја организираат Евротинк – Центарот за европски стратегии, НВО Инфоцентарот, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

На средбата ќе бидат презентирани и наодите од анкетното истражување за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), спроведено во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II".

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.202 испитаници во земјава, од 16 февруари до 7 март 2019 година.

Во рамки на информативната средба ќе бидат презентирани и две дигитални видеа со кои организаторите, како што најавуваат, ќе се обидат да дадат одговор на прашањата: Какво е задоволството од квалитетот и цените на услугите во мобилната телефонија и интернетот?;

Каква е информираност на граѓаните за работата АВМУ и АЕК?, Каква е перцепција на граѓаните за транспарентноста, професионалноста и независноста на двете регулаторни тела? и Како според граѓаните се назначуваат лицата на раководните позиции во АВМУ и АЕК?

Седници на Законодавно-правната и Комисијата за политички систем

 Во Собранието денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и Комисијата за политички систем и и односи меѓу заедниците.

Комисијата за политички систем ќе ги разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор, во второ читање, како и Информацијата за спроведувањето на препораките на Народниот правобранител за надминување на констатираните состојби содржани во Извештајот на Народниот правобранител, од страна на органите на државната управа опфатени во истиот.

Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници. на првата се Предлог-законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор и две барања за автентични толкувања, додека на дневен ред на втората е Статутот на Универзитетот во Тетово.

Меѓународен ден на бегалците

 Во земјава денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на бегалците.

По тој повод на Правниот факултет „Јустинијан Први" во Скопје, на свеченост ќе се обрати Моника Сандри, претставничка на УНХЦР во Скопје, проф. д-р Сашо Ѓорѓиевски, претставник на Правната клиника на Правниот факултет „Јустинијан Први", Љупка Новеска Андоновска, претседателка на Управниот одбор на Македонското здружение на млади правници и Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинарите на Македонија.

Во рамките на одбележувањето ќе им бидат доделени награди на победниците на Награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2018 година во  Македонија, како и сертификати за студентите кои успешно ја завршија практикантската работа на Правната клиника. 

притисни ентер