Божикен панаѓур на Здружението на интернационални жени

Здружението на интернационални жени традиционално по повод божикните празници го организира Божиќниот панаѓур.

Панаѓурот ќе се одржи во интернационалното училиште QSI, каде на околу 25 штандови ќе се продаваат рачно изработени предмети, домашни производи, креативни изработки од уметници од најразлични материјали, книги, честитки и многу други празнични украси и играчки.

Предвидена е и лотарија за која присутните ќе може да си купат билети на настанот и да се надеваат на некои од пригодните Божиќни награди, а жени од целиот свет ќе продаваат од нивните национални божиќни колачиња.

Панаѓурот е еден од најголемите настани на Здружението на интернационални жени и придонесува за зголемување на добротворниот фонд на организацијата. Некои од корисниците на овој фонд ќе се претстават со своите активности и производи на панаѓурот. /Извор: МИА/
притисни ентер