Во Охрид викендов празничен турнир во мал фудбал

Во организација на Фондацијата „Климент Колески“ од Охрид, а по повод празникот „Свети Климент Охридски“ – Патрон на градот, во текот на деновите на викендов во Охрид ќе се одржи Првиот турнир во фудбал за деца „Климент Колески - 2013“.

Учество на турнирот потврдија шест екипи и тоа „Металург“ и „Работнички“ од Скопје, „ЛГ“од Битола, „Победа“ од Прилеп, „Караорман“ од Струга и Фудбалската академија „Пандев 10 – јуниор“ од Охрид.

Екипите ќе настапат со по две генерации играчи и тоа 2002 година и помлади и 2004 година и помлади. Тие силите ќе ги одмерат во спортските сали „Билјанини извори“ и „Климент Колески“ во Охрид.

Турнирот има натпреварувачки карактер, а за најдобрите генералниот покровител – Фондацијата „Климент Колески“, обезбеди пригодни награди.

Отвореањето на турнирот е закажано за денеска во 11:30 часот во спортската сала „Билјанини извори“, додека натпреварите започнуваат од 13 часот и тоа генерацијата 2004 во „Билјанини извори“, а генерацијата 2002 во салата „Климент Колески“. Елиминациските натпревари ќе се играат в недела од 9:30 часот. Доделувањето на пехарите и признанија за најдобрите е закажано за 14 часот во спортската сала „Билјанини извори“.

Влезот за сите натпревари е бесплатен. /Извор: МИА/  
притисни ентер