Волерс: Мисијата на САД од првиот ден до денес не е променета

САД и Република Македонија воспоставија дипломатски односи пред точно 20 години. Во изминатиот период се случија многу работи, но пријателството и партнерството меѓу двете земји останаа силни. Од првиот ден до денес нашата мисија не е промената. Со гордост ја нарекуваме Македонија наш пријател и сојузник и сакаме да видиме како оваа извонредна земја го остварува својот потенцијал како силна динамична и просперитетна демократија целосно интегрирана во евроатлантската заедница.
Ова го истакна вечерва амбасадорот на САД Пол Волерс во обраќањето на свеченоста во Американската амбасада во Скопје по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоствувањето на дипломатските односи меѓу Соединетите Држави и Република Македонија.

Во присуство на претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски, министри во Владата, актуелни и поранешни пратеници, претставници на политичките партии, на интелектуалната и бизнис елита, на судството, на верските заедници... тој потсети на скромните почетоци во 1993-та година и низата постигнувања и активности реализирани во билатералните  односи во изминатите две децении, кои симболично беа прикажани низ избор од 20 фотографии.

- Разгедувајќи ги фотографиите ќе видите дека врските помеѓу нашите две држави се подеднакво и разновидни и цврсти. Ќе видите дека постои взаемна поддршка за одбранбените приоритети на нашите земји. Дури и во овој момент војниците на нашите земји стојат рамо до рамо во Авганистан. Ние го поддржуваме напредокот на Македонија во области како зајакнување на спроведување на законот, земјоделството, образованието, граѓанското општетство и во многу други области. За таа цел во изминатите 20 години Соединетите Држави имаат обезбедено повеќе од милијарда американски долари како помош за Македонија, посочи меѓу другото амбасадорот Волерс.

Се осврна и на иднината на релациите меѓу САД и Македонија. - Ние гледаме на иднината како партнери и замислуваме каде сакаме да бидеме и што може да постигнеме заедно. Нашето партнерство денес е динамично, енергично и свртено кон иднината и јас немам никаква дилема дека тоа ќе потрае уште многу години. Исто како што сме биле заедно во минатото и како што сме заедно денес, така ќе останеме заедно и во иднината, порача американскиот амбасадор.

На пригодната свеченост беше емитувано и видео со искуствата, но и со пораки од поранешни амбасадори кои ја извршувале својата дипломатска функција во Скопје насловено „Да се биде на служба во Македонија: Од перспективата на амбасадор“. Она што е заедничко е  дека сите и се восхитуваат на убавината на земјата и на луѓето, резимираше амбасадорот Волерс, кој упати и порака дека треба да се гледа кон иднината и да се земат работите во свои раце со оптимизам.

САД отворија канцеларија за врски во Скопје на 3 декември 1993 година, а првиот шеф на мисијата амбасадорот Виктор Комрас формално почна со работа во април 1994 година. Формални дипломатски односи беа воспоставени во 1995 година кога Канцеларијата за врски достигна целосен статус на Амбасада, а прв амбасадор беше Кристофер Хил. Во 2004-та САД официјално ја признаа РМ под уставното име. Амбасадата на САД во новите простории на улица „Самоилова“ се пресели во 2009 година за време на мандатот на амбасадорот Филип Рикер. 


Анкета : Дали би војувале за својата земја?

Многу помалку од половина од Македонците би се бореле за својата земја , покажува анкетата на Галуп спроведена во 64 земји низ целиот свет.

Глобалниот просек изнесува дека 61% би се бореле за својата земја , а 27% дека не сакаат да се борат. Очекувано , многу е поголем процентот на мажи кои се подготвени да војуваат за својата земја , но сепак не е мал ниту процентот на жените , 52%.

Највисок е процентот во земјите на Блискиот исток и Африка – дури 83% , додека најмалку за западна Европа каде просекот изнесува 25%.

Во голeмата анкета биле прашани 62 398 лица , по 1000 за секоја земја , а анкетата била спроведена од септември до декември 2014. ,,На стотина години од Првата светска војна , утврдивме дека 61% од граѓаните на светот сака да војува. “ ги коментираше резултатите Жан – Марк Лежер , претседателот на Меѓународното здружение на Галуп.

Меѓу сите испитаници најмао располежение за одбрана на земјата со војна има во Јапонија – само 11% , а на дното на табелата се и Германија , Италија и Австрија.

Најподготвени за борба се Мароканците и жителите на островот Фиџи со 94%. Меѓу европските земји отскокнува процентот на Финска -74% од луѓето сакаат да војуваат а по неа Турција со 73%.

 Во регионот , Македонија е на дното со 38% подготвени да се борат за својата земја , а најголем е процентот во Косово 58% , додека во Србија изнесува 46%.

Постојат разлики и во религиите. Муслиманите се најподготвени за војна или 78% , потоа Хиндуистите со 77% , а меѓу Христијаните најборбени се православните со 53% . Од Евреите само 51% се подготвени за војна.

Повратник од Германија починал од срцев удар во казино во Кавадарци

Повратник од Германија на педесетина години, вечерва добил срцев удар во казино во Кавадарци и починал на самото место додека играл игри на среќа.

Оваа информација за МИА ја потврдија Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес и Драган Димитров, раководител на Брза помош Кавадарци.

Според првичните информации, човекот и претходно имал срцеви проблеми во Германија. Засега не се соопштуваат детали за случајот. 

Жолтите елеци излегоа 28. викенд на улиците (ВИДЕО)

Илјадници Жолти елеци и денеска , 28. викенд по ред протестираа против социјалната и фискална политика на Макрон , во пресрет на европските избори важни за иднината на Франција.

Денеска се собраа вкупно 3 200 демонстранти , од кои 1 200 во Париз. Минатата сабота , според податоците на Минситерството за внатрепшни работи имало нешто помалку , 2800 демонстранти , а овие податоци ги демантираат организаторите тврдејќи дека се далеку побројни.

На првиот собир на 17. ноември минатата година имаше 282 000 демонстранти. Денешните протести минаа главно мирно и без насилства.

притисни ентер