Хрватските ветерани бараат референдум за забрана на кирилицата

Уште несоземени од изборниот резултат од референдумското „Не“ за хомосексуалните ракови, Загреб се соочува со нов предизвик: Ветераните од Вуковар соопштија дека собрале доволен број потписи за организирање референдум за забрана на употребата на кирилицата. Власта и денеска порача дека толеранцијата кон малцинствата треба да биде една од главните лекции за младите генерации.
Референдумот е минато, Загреб ги сумира последиците од хрватското „Не“ на хомосексуалните бракови. Што доби, што загуби, а што треба да менува европска Хрватска, се обиде да објасни хрватската вицепремирка, по официјалните 65 проценти За и 33-те Против бракот единствено како заедница меѓу маж и жена.

- Мислам дека тој покажа дека младите генерации мораме да ги едуцираме да имаат повеќе толеранција од онаа што ја имаат возрасните, по овој референдум, Хрватска испрати порака дека е земја со мнозинство, кое е многу нетолерантно кон правата на малцинствата, изјави Миланка Опачиќ, потпретседател на хрватската влада.

А, правата на малцинствата, но оние националните, од денеска се нов предизвик пред кој е исправен Загреб. Здружението за одбрана на Вуковар соопшти дека ги собрало неопходните 450 илјади потписи за организирање референдум, со кои на малцинствата би им се забранила употребата на матичниот јазик и писмо, ако се под 50 проценти во општината во која живеат. Ваквата иницијатива следи по нередите кои избија во Вуковар, кога хрватските ветерани насилно спречија поставување на двојазичните табли на институциите. Загреб порача дека изјаснување за забрана на кирилицата нема да има, зашто тоа би била уште една шлаканица за Брисел. Законот за заштита на правата на малцинствата беше услов Хрватска да влезе во ЕУ и сега тој закон не смее да се менува, иако лабавиот модел за референдум во земјата се уште го дозволува тоа. Теоретски, во моментов и со еден излезен граѓанин на гласање, во Хрватска одлуката е важечка.

Анкета : Дали би војувале за својата земја?

Многу помалку од половина од Македонците би се бореле за својата земја , покажува анкетата на Галуп спроведена во 64 земји низ целиот свет.

Глобалниот просек изнесува дека 61% би се бореле за својата земја , а 27% дека не сакаат да се борат. Очекувано , многу е поголем процентот на мажи кои се подготвени да војуваат за својата земја , но сепак не е мал ниту процентот на жените , 52%.

Највисок е процентот во земјите на Блискиот исток и Африка – дури 83% , додека најмалку за западна Европа каде просекот изнесува 25%.

Во голeмата анкета биле прашани 62 398 лица , по 1000 за секоја земја , а анкетата била спроведена од септември до декември 2014. ,,На стотина години од Првата светска војна , утврдивме дека 61% од граѓаните на светот сака да војува. “ ги коментираше резултатите Жан – Марк Лежер , претседателот на Меѓународното здружение на Галуп.

Меѓу сите испитаници најмао располежение за одбрана на земјата со војна има во Јапонија – само 11% , а на дното на табелата се и Германија , Италија и Австрија.

Најподготвени за борба се Мароканците и жителите на островот Фиџи со 94%. Меѓу европските земји отскокнува процентот на Финска -74% од луѓето сакаат да војуваат а по неа Турција со 73%.

 Во регионот , Македонија е на дното со 38% подготвени да се борат за својата земја , а најголем е процентот во Косово 58% , додека во Србија изнесува 46%.

Постојат разлики и во религиите. Муслиманите се најподготвени за војна или 78% , потоа Хиндуистите со 77% , а меѓу Христијаните најборбени се православните со 53% . Од Евреите само 51% се подготвени за војна.

Повратник од Германија починал од срцев удар во казино во Кавадарци

Повратник од Германија на педесетина години, вечерва добил срцев удар во казино во Кавадарци и починал на самото место додека играл игри на среќа.

Оваа информација за МИА ја потврдија Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес и Драган Димитров, раководител на Брза помош Кавадарци.

Според првичните информации, човекот и претходно имал срцеви проблеми во Германија. Засега не се соопштуваат детали за случајот. 

Жолтите елеци излегоа 28. викенд на улиците (ВИДЕО)

Илјадници Жолти елеци и денеска , 28. викенд по ред протестираа против социјалната и фискална политика на Макрон , во пресрет на европските избори важни за иднината на Франција.

Денеска се собраа вкупно 3 200 демонстранти , од кои 1 200 во Париз. Минатата сабота , според податоците на Минситерството за внатрепшни работи имало нешто помалку , 2800 демонстранти , а овие податоци ги демантираат организаторите тврдејќи дека се далеку побројни.

На првиот собир на 17. ноември минатата година имаше 282 000 демонстранти. Денешните протести минаа главно мирно и без насилства.

притисни ентер