По 9-ти пат се одржа „Дојранска софра“

Софра за мерак со стари јадења на кои е тешко да им ги запамтите и имињата. Ама вкусот на дојранските специјалитети, ако еднаш ги пробате, сигурно ќе го памтите долго потоа.

Крап тава, риба-јанија, риба кора, зелник со риба, готвени во фитуги или алтурка, или пак во к'тот врз пиристија- звучи необично но тоа е традицијата на дојранската жена, што и денес се чува како најголем аманет од баби и прабаби.

Дојранска софра е идеја токму на локалните здруженија кои го негуваат културното наследство. Во приготвувањето на кулинарските деликатеси е вклучена речиси секоја дојранчанка.

Ваквите настани се одличен промотор на Дојран како дестинацја за одмор но и место со кујна која ќе ги задоволи и најголемите гурмани, смета дојранскиот градоначалник.

Дојранска софра се организира по деветти пат.


притисни ентер