Катимерини: Европските земји притискаат членство на ФИРОМ во НАТО

Европските земји притискаат, Грција не прифаќа. Влез на Македонија во НАТО под привремената референца е планот,според „“Катимерини“ “ на повеќе членки на евроатлантскиот сојуз и европската унија, во пресрет на самитот во Лондон следната година.

 Меѓутоа, очекувано, Атина е категорично против ваквите планови. Весникот “Катимерини“ , со анализа за намерите и обидите на силните земји од Европа како дел од нивниот интерес за Западен Балкан, интерес кој предизвикува вознемиреност во грчките дипломатски кругови. Во оваа насока, според грчкиот весник, било и предупредувањето од Венизелос до Хејг во однос на интеграцијата на Македонија во НАТО.

Двајцата шефови на дипломатиите на средбата во Лондон, не само што го споменале прашањето за името, туку и разговарале за проширувањето и на НАТО и на ЕУ.
„Противење за варијантата да постои некаков обид за интеграција на ФИРОМ со привременото име во НАТО, во пресрет на Самитот во септември во Британија, изрази министерот за надворешни работи Венизелос, на средбата во Лондон со неговиот британски колега Вилијам Хејг. “– пишува “Катимерини“  и го потврдува она што Канал 5 го објави дека шефот на британската дипломатија покажал разбирање за грчките позиции.


Според “Катимерини“ , за истиот план за интеграција под привременото име, пред десетина дена разговарале и грчкиот амбасадор во САД со американската заменичка министер за надворешни работи, при што Панагопулос одговорил негативно на прашањето на Викторија Нулад, дали има шанси за позитивен исход и прифаќање на планот од Атина.
притисни ентер