Почнува трката за три стана, три дуќани и девет автомобили

Наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ почнува денеска и ќе трае до крајот на 2014 година. Нејзиниот почеток официјално го означи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески со претставници на Државната лотарија на Македонија, која е организатор на извлекувањата.

Собраните најмалку 20 фискални сметки треба да се стават во бел плик со стандардна големина и да се пратат на адресата: Државна лотарија на Македонија, бул. „Гоце Делчев“ бр. 8, Поштенски фах 363, со назнака: За наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“. Нема ограничувања на износот на сметката, ниту на бројот на испратени плика, на кои не смее да стои името на испраќачот, туку неговите податоци (име и презиме, адреса и тел. број) се запишуваат на ливче и се ставаат во пликот заедно со сметките.

Првото извлекување ќе биде на 30 декември 2013 во живо на Македонската телевизија по Дневник 2, а во секое наредно коло ќе учествуваат и ковертите од претходните извлекувања.

Министерот Ставрески денеска на прес-конференција соопшти дека за да им излезе на граѓаните во пресрет, Министерството за финансии решило да бидат прифатени и фискалните сметки по 15 ноември, кога беше објавена наградната игра.

Новина е збогатувањето на наградниот фонд така што за една година додека таа трае ќе бидат доделени три стана, три дуќани и девет автомобили, покрај вредносните ваучери од 3.000 до 60.000 денари.

Становите се од по 52 метри квадратни, а дуќаните по 30 квадрати, лоцирани во Аеродром, на ул. Трета ударна бригада. Тие се обезбедени од Владарта на РМ, од Фондот за станови и деловни простории што ги гради АД за станбен и деловен простор. По еден стан и еден дуќан ќе бидат извлекувани на шест месеци - првите на 30-ти овој месец, следните на 30 јуни 2014, и последниот стан и дуќан на 30 декември 2014, кога ќе заврши наградната игра.

По првото коло, на 30 декември 2013, следните ќе бидат на секои шест недели, и на секое ќе биде извлекуван по еден автомобил од средна класа (вкупно девет). Извлекувањата ќе бидат во ист термин (понеделник на МТВ по Дневникот 2).

Ставрески денеска ги покажа и ваучерите кои ќе бидат во шест категории: аудио/видео опрема (10.000-60.000); бела техника и мали кујнски апарати (3.000-60.000); мобилни телефони, фотоапарати и опрема (5.000-60.000); компјутери и компјутерска опрема (15.000-60.000); велосипеди и опрема (10.000-20.000); прехранбени продукти (4.000). Стоковната добивка ќе биде на граѓанинот кој со одредениот ваучер ќе може ја подигне кај економските оператори-соработници во наградната игра.

На МТВ секој понеделник од 20 часот ќе има и 15-минутна контактна емисија, на која граѓаните ќе може да се пријавуваат да присуствуваат на извлекувањата и да добиваат информации за наградната игра, за која детали, исто така, има и на веб-страниците на Министерството за финансии и на Државната лотарија на Македонија. Водителот од МТВ Димитар е заштитно лице на играта и ќе ја води, а ќе му помага водителката Ведрана.

Вицепремиерот Ставрески на прес-конференцијата истакна дека наградната игра е продолжение на таа што беше организирана во 2001-2002 година, чија главна цел е граѓаните да се мотивираат и да се подигне нивната свест да бараат фискална сметка, да се подигне степенот на фискализација и плаќањето данок од сите субјекти во државата.

- Со учеството во наградната игра, секој граѓанин ја поддржува домашната економија и процесот на фискализација и легална конкуренција меѓу фирмите, ја поддржува изградбата на објекти од јавен интерес, кои се финансираат преку прибраните даноци на граѓаните, а и за граѓаните ќе има корист зашто ќе има богат фонд на награди, истакна Ставрески.

Очекува дека вкупниот фонд за сите награди (станови, дуќани, автомобили и стоковни награди) ќе се движи од 350.000 до 400.000 евра./ МИА

Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“

Дами и господа, во Среда на 3 април, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Дами и господа, во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер - Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?

Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска... Што се црвените линии на Ковачевски, а од што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА, во Само Вистина, Среда 03 Април 18.30 часот!!

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа да придонесе за мир.

Потребата Косово да преземе дополнителни дејствија за неговото членство во Советот на Европа да придонесе за мир, но и потребата за дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат околу статусот под кој би бил приемот, ги истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој воедно е и претседател на поткомитетот за Западен Балкан на Советот на Европа за време на расправата во Париз на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на СЕ, јави дописничката на МИА од Атина.

На расправата и гласањето на извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани за приемот на Косово во Советот на Европа, Ципрас ги поздравил извештајот, перспективата за членство на Косово и фактот што земјата ја призна правната сопственост на манастирот Високи Дечани.

Сепак, истакнал дека тоа не е доволно како единствен услов и дека се потребни дополнителни активности од Приштина особено во однос на формирањето на Заедницата на српските општини и законот за експропријација на малцинските имоти за интеграција на Косово во организацијата.

Паралелно потенцирал дека тензијата е многу зголемена во регионот со заемна одговорност на страните и потребни се повеќе авансни гаранции за приемот на Косово во Советот на Европа вистински да се придонесе за мирот на Балканот.

Додал дека е потребна дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат Косово за статусот под кој ќе се приклучи на организацијата.

Извештајот за Косово вчера беше усвоен од Комисијата за политички прашања, а следен чекор е пленарна расправа, која ќе се одржи на 18 април.

Како што вчера јави дописникот на МИА од Белград, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека за одлуката на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа за препораката за прием на Косово во членство во Советот на Европа е срамна и скандалозна.

Израел соопшти дека во Ал Шифа се убиени повеќе од 200 борци на Хамас

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека повеќе од 200 вооружени лица биле убиени за време на операцијата против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа.

Во текот на изминатиот ден, напаѓачите на Хамас излегле од собата за итни случаи во Ал Шифа, каде што се криеле и отвориле оган врз израелските војници, тврди ИДФ, додавајќи дека неколку слични инциденти се случиле во последните денови.

За време на борбите што се во тек, армијата вели дека војниците евакуирале цивили, пациенти и медицински персонал во друг дел од болницата „кој ИДФ го подготви и го воспостави за да овозможи продолжување на соодветниот медицински третман“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Истовремено, ИДФ тврди дека уште десетици оперативци на Хамас биле убиени за време на операциите во изминатиот ден во градот Ал-Карара во јужниот дел на Газа и во квартот Ал-Амал во Кан Јунис.

Војниците кои дејствуваа во јужниот дел на Газа, исто така, лоцирале и уништиле складишта со оружје, а во централниот дел на Појасот, ИДФ соопшти дека неколку непријателски оперативци биле убиени во текот на изминатиот ден од војниците на бригадата Нахал и во воздушни напади.

притисни ентер