Кривична пријава за „лихварство“ против татко и неговите три сина од Велешта

Поради постоење основано сомнение дека ги сториле кривичните дела „лихварство“, „грабнување“, „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“,полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.К.(48) и неговите синови У.К.(25), А.К.(21) и Ј.К.(19) сите од струшкото село Велешта. Истражен судија на Б.К. и У.К. им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.



На 28 ноември годинава во телефонски разговор пријавениот Б.К. од лицето А.Г. (39) од Струга побарал да му исплати паричен долг од 8.000 евра притоа упатувајќи му сериозни закани. Истиот ден околу 17 часот отишле во домот на А.Г. на улицата „Маршал Тито“ во Струга, каде физички ги нападнале неговите родители  Ф.Г.(64) и А.Г.(58) барајќи им пари. Потоа  се обиделе  во нивните патнички моторни возила насилно да ги внесат двајцата сопружници, но, поради нивното спротивставување не успеале во намерата. Со цел да ги заплашат, пријавените Б.К. и У.К. извадиле пиштоли што нелегално ги поседувале и испукале повеќе куршуми.

Во февруари оваа година пријавениот Б.К. и оштетениот А.Г. потпишале фиктивни договори за заем на парични средства. Инаку, сега притворениот  Б.К. е лице познат на службата против кого и досега, по разни основи биле поднесувани кривични пријави.
притисни ентер