Општината и туристичките работници од Охрид се здружија пред нова година

Општината и туристичките работници за прв пат заеднички ќе ги организираат новогодишните празници во Охрид. Се подготвува спектакуларен дочек но содржината засега не ја откриваат. Целта е градот да биде полн со туристи од 01 јануари до Водици.

Во Охрид  се подготвува спектакуларен дочек на Новата година. Музичките ѕвезди, новите содржини  и бројните изненадувања се чуваат во тајност.  Програмата има за цел да го наполни градот со гости  од 01 јануари до Водици.

Градоначалникот побара  и бизнис секторот  да се вклучи  во организацијата на новогодишните празници.

- Да напрвиме еден збир на активности во текот на новогодишните празници и празникот Богојавление  со кои што ќе ја обогатиме понудата на гостите и туристите,  кои  имаат намера да присуствуваат во Охрид и на некој начин да допринесеме за проширување на туристичката понуда во Охрид ,вели Никола Бакрачески градоначалник на општина Охрид.

Угостителите и туристичките работници ќе даваат идеи,  но и финансиска подршка на настаните.

-  Нешто  мора да преземеме за да донесеме што е можно повеќе гости не само за Нова година туку и за другите празници во текот на зимскиот период. Добро е што има најави  дека ќе соработуваме затоа што интересот е заеднички, интерес имаме и ние како бизнисмени, инетрес има и општината и граѓаните на Охрид ,вели Димитрие Пендов угостител.

Кумот на Богојавление, охридскиот градоначалник најави дека празникот годинава ќе се слави четири денови. Очекувањата се градот да биде преполн  со туристи.
притисни ентер