Украдени пари и златен накит во вредност од 32 000 евра од куќа во Форино

Непознати сторители синоќа провалиле во домот на В.К. (50) во селото Форино од каде украле злато и пари во вкупна вредност од околу 32.000 евра.

Според СВР Тетово, крадците го искористиле отстуството на домашните кои во периодот од 19 до 20:30 часот биле на гости. Тие прво ја пресекле жичаната ограда од дворот, по што влегле во куќата преку прозорец од подрумот.

Откако пребарале поголем дел од собите, нашле повеќе парчиња златен накит, кој според сопственикот бил изработен во 22 каратно злато. Во друга соба, во фиока од регал нашле и 4.030 евра и паричник со документи и 1.200 денари.

Екипа на полициската станица Гостивар, синоќа извршила увид и подигнала траги за вештачење.
притисни ентер