Светски ден против крзнената индустрија

Здруженијата Анима Мунди од Скопје и Глас за животните од Велес денеска на плоштадот Македонија со мирен собир, симболично ќе го одбележат Светскиот ден против крзнената индустрија и ќе повикаат на комплетен бојкот на производите од крзно и кожа.

Под мотото „Сега знаеш. Кој купува, тој убива. Речи не за производи од крзно!“, здруженијата и нивните поддржувачи сакаат да ја подигнат свеста за суровоста на крзнената и кожарската индустрија.

- На Светскиот ден против крзнената индустрија да речеме не на насилството, го раздвижиме духот на сочувство, поттикнеме еволуција и морална револуција, која ќе води кон целосно укинување на овие профитабилни дејности, вклучително одгледување на животните, транзит, увоз, извоз т.е. пласирање на продукти од кожа и крзно на пазарот. Модата не смее да убива, а смртта не е гламур!, велат организаторите.

Според нив, Македонија прави историски чекор напред во однос на заштитата на животните одгледувани за крзно, бидејќи државните институции, пред се, Агенцијата за храна и ветеринарство ги прифатила нивните барања за целосна законска забрана за одгледување животни за крзно
притисни ентер