Облачно, попладне со дожд

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде претежно облачно, а во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а во западните планински предели засилен ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од четири до девет степени.

Во Скопје денеска времето ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до пет степени.

До вторник ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Од среда времето ќе биде сончево и повторно со негативни утрински температури.
притисни ентер