ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже и се крие зад неинвентивни прес-конфереции

СДСМ веднаш ќе покренеа кривични постапки за Скопје 2014, ако имаше нешто, наместо да се кријат зад вакви неинвентивни прес-конфереции на новите жртвени јагниња, кои имаат задача да плукаат, се вели во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

- СДСМ лажат и се расфрлаат со бројки од ракав. Откако видоа дека Жерновски не најде ништо спорно, сакајќи да ја одржат единствената тема на која дисутираат изминативе пет години во недостаток на идеи, сега велат дека ќе истражувале и понатаму. Па нека истражуваат колку сакаат. Ако имаше нешто спорно, Жерновски ќе го најдеше. Тој не најде ништо, а вие сега сите се криете зад празни и бесмислени изјави, стои во сооопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во ликот на Дамјан Манчевски, СДСМ си најде нов камиказа, кој треба да ги замени Игор Ивановски, Емилијан Станковиќ и Гордан Георгиев, да внесува лаги и гнев во политичката реторика.

- Ова е пораз на СДСМ, откако 5 години ја малтретираа јавноста со темата за Скопје 2014. И откако не најдоа ништо велат “ама ќе бараме пак“. Ако имаше нешто, тоа ќе го најдеа. Време е да престанат да лажат и да измислуваат. Време е да се извинат пред јавноста што 5 години ја малтретираа и силуваа со оваа тема, се вели во реакцијата. 
притисни ентер