СДСМ најавува истрага за „Скопје 2014“ доколку дојде на власт

Доколку дојде на власт СДСМќе спроведе целосна истрага за проектот „Скопје 2014“, изјави на денешната прес-конференција, потпретседателот на партијата Дамјан Манчевски.

Тој посочи дека, според експертски ревизорски наоди за проектот Скопје 2014, во делот кој е реализиран преку општина Центар за 11 споменици, за кои се потрошени 15,5 милиони евра, констатирани се буџетски штети од, вели, 8 милиони евра. Воедно, прашува, колкава е штетата по Буџетот на Република Македонија за целиот проект Скопје 2014, ако, според министерката Канческа Милеска вкупната сума за него е 207 милиони евра, а вели, некои проценки посочуваат дека ќе ја надмине сумата од 500 милиони евра.

- Врз основа на наодите од овој извештај, отворени се сомнежите дека стотици милиони евра се потрошени на незаконски начин во целиот проект. Затоа е неопходна ревизија на целиот проект Скопје 2014. Новата влада на СДСМ ќе спроведе целосна и обемна истрага за тоа како се потрошени народните пари, рече Манчевски.
притисни ентер