Повреден кумановец во сообраќајка на патот Куманово – Крива паланка

59 годишниот М.С. од Куманово синоќа се здобил со тешки повреди во сообрќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

По укажаната лекарска помош на местото на несреќата, повредениот е префрлен на Хируршкото одделение во Кумановската општа болница. Во стабилна состојба пациентот е задржан на болничко лекување  во Куманово информираат од болницата .

Сообраќајната несреќна се случила на 19  -тиот  километар  од градот. Возачот М.С. роден 1954 година , со автомобил марка „Фиат пунто“ се враќал од Крива Паланка кон Куманово и во моментот на престигнување на камион што се движел пред него од спротивна страна наишло друго возило .

Кога возачот сакал да се врати на својата коловозна лента со цел да избегне директен судир со автомобилот од спротива , изгубил контрола над фиатот и излетал од патот информираат од СВР Куманово. Неговиот сопатник Д.Т. поминал со лесни повреди.
притисни ентер