Сообраќајот се одвива без забрани и застои

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјата се одвива тековно, без забрани и застои. Коловозите се претежно суви, опесочени и проодни. Заради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места.

Според информациите од ЈП „Македонијапат“, поради магла утрово намалена видливост имаше во Битола – 150 метри, Прилеп - 60 метри и Градско-30 метри.

Во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија - Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.
притисни ентер