Македонија и Канада ќе ги зајакнуваат севкупните економски врски

Македонија и Канада ги започнуваат преговорите за билатерална Спогодба за поттикнување и заштита на странските инвестиции, со која ќе се обезбеди подобра заштита на канадските и македонските инвестиции на пазарите во двете земји, ќе ги зајакне севкупните стопански врски и ќе ги поттикне растот, вработувањето и просперитетот во двете земји.

Ова било потврдено на денешната средба во Отава меѓу македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски и неговиот канадски колега Џон Берд.

На средбата исто така била потврдена и силната поддршка што Канада и ја дава на Македонија за влез во НАТО. Двајцата соговорници ја потврдиле заедничката посветеност кон глобалната безбедност и заедничките мислења и информации за евроатлантското интегрирање на Република Македонија. Во овој контекст, Канада и Македонија особено го ценат заедничкото партнерство во ширењето на глобалната безбедност и демократијата.

Македонија и Канада ги делат и унапредуваат вредностите на демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и верските слободи, како и визијата за мир, стабилност и просперитет во Југоисточна Европа, нагласиле Поповски Берд на средбата.

Како што соопшти МНР, министрите зборувале стопанските, трговските и инвестициските врски меѓу Македонија и Канада, како и за неодамна склучената спогодба за авионски услуги меѓу двете земји.

- И Канада и Македонија имаат макроекономска стабилност, низок долг и котираат високо како економии што нудат поволни услови за водење бизнис, било посочено на средбата. Министрите се обврзале да го олеснат искористувањето на целосниот потенцијал за деловни и инвестициски активности во поволните деловни средини на двете земји.

Министрите, како што се посочува во соопштението, изразиле задоволство од значително зајакнатата соработка и се согласија да продолжат по тој пат во билатералните односи со размена на посети на високо ниво и одржување на парламентарните контакти и да ги поттикнуваат партнерствата меѓу бизнисите, институциите и луѓето.

Канадското Министерството за надворешни работи, трговија и развој и Министерството за надворешни работи ќе ја зајакнат меѓусебната поддршка и соработка преку размена на дипломати, знаење и други дипломатски средства.

Министрите на средбата се договориле да разгледаат начини за дополнително олеснување на двостраните политички и стопански односи со задолжување на високите претставници на нивните министерства редовно да разговараат за прашања од заеднички интерес, вклучувајќи ги и тие од областите правна соработка, олеснување на патувањето и зајакнување на трговијата. Во овој контекст, Попоски и Берд се договориле да поттикнуваат создавање дополнителни можности и иницијативи за размена на деловно знаење, научна, образовна и културна соработка и мобилност на младите.

Канадскиот министер Берд ги нагласил значајниот придонес и многу активната улога на македонската заедница во градењето на канадското општество и во поддржувањето на силните и трајни врски меѓу двете држави. Попоски изрази благодарност за канадската вековна поддршка и интегрирање на бројните македонски имигранти и за промовирањето на нивниот идентитет и култура.

Министрите разговарале детално за голем број актуелни светски прашања и прашања од заеднички интерес.

Министерите Берд и Попоски ќе отпатуваат во Халифакс, Нова Шкотска, каде ќе учествуваат на Меѓународниот безбедносен форум, кој на едно место собира претставници на влади, војски, бизниси, академски заедници и медиуми за да разговараат во неформална атмосфера и да разгледаат повеќе актуелни меѓународни безбедносни прашања. /извор: МИА/

Хуманитарен концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска

Во Салон 19:19 во Скопје вечерва ќе се одржи концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска (1977-1994), која била ученик на пијано и харфа во училиштето „Илија Николовски-Луј”.

На програмата ќе бидат изведени дела од композиторите Сен Санс, Равел, Буланже, Штолцел, Пијацола, Хенсон, Капле, Форе и Шостакович.

На концертот ќе учествуваат музичари од нејзината генерација, Ема Абаџиева – обоа, англиски рог, Весна Ангелова Христов – пијано, Орце Ицковски – фагот, Гордана Јаневска – виолина, Тереза Крцоска – виолина, Јанинка Невчева – пијано, Јулија Нелковска – виолина, Надежда Рубен – сопран, Боро Станковски – виола, Елена Стојческа – флејта, Дарко Трајковски – виолина, Мерсиха Шукри – харфа.

Соученичката на Рафајловска, Мерсиха Шукри, која е единствената харфистка во земјава во изјава за МИА вели дека целта, меѓудругото, е и да се подигне свеста и поддршката за болните од рак.

- Климентина Рафајловска ни беше соученичка во музичкото училиште. За жал, за кратко време нѐ напушти, се разболе од леукемија. Оваа година се навршуваат 30 години од нејзината смрт. Во таа чест, генерацијата се собравме да одржиме концерт во нејзина чест. Воедно, да ја подигнеме свеста и поддршката за сите заболени од лошата болест, вели Шукри, додавајќи дека животот е непредвидлив и затоа е потребно многу повеќе љубов и разбирање.

Човекот е покршлив од стаклото и многу малку е свесен дека секому може да му се случи, вели Мерсиха Шукри.

Во чест на Рафајловска, од 1995 до 2008 година беше доделувана наградата „Климентина Рафајловска” за првенец на генерација, од страна на истоимената Фондација. Меѓу добитниците на оваа награда се и Симон Трпчески, Ирина Наумовска, Никола Атанасов, Александар Краповски и други.

Средствата собрани со продажба на билетите и од донаторската кутија, ќе бидат донирани на Здружението посветено на пациенти болни со рак и нивни негуватели ХЕМА-ОНКО, а наменети за потребите на пациентите на Универзитетска клиника за хематологија.

Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција

Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.

Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.

На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.

Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници. /МИА

Сообраќајот тековно и без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер