Кежаровски пуштен во домашен притвор (ОБНОВЕНО)

Новинарот Томислав Кежаровски оди во куќен притвор. Ваква одлука донел кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Решението веднаш е испратено во истражниот затвор во Шутка. Сопругата на Кежаровски за ова разбрала од новинарите.
По речиси  6 месеци притвор попладнево ќе си оди дома. Претседателот на кривичниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски за Канал 5 потврди дека кривичниот судски совет донел одлука за домашен притвор во текот на денот, а решението веднаш е испратено во истражниот затвор во Шутка. Решението веднаш ќе биде реализирано, а Кежаровски со полициска придружба ќе биде испратен во својот дом. 

Адвокатот на Кежаровски Филип Медарски официјално  за сега  не добил решение од судот за ваквата одлука . Потврди дека побарал да му се замени мерката притвор со куќен поради влошено здравствена состојба. Сопругата на Кежаровски за ова разбрала од новинарите. Со голема возбуда и неверување ја примила веста.

Во затворот во Шутка пристигнало решението на судот. Сега се чека да дојдат полицајците кои треба да го спроведат до неговиот дом каде што ќе издржува куќен притвор. Со оглед на тоа што решението треба да се спроведе денеска, се очекува Кежаровски најдоцна до полноќ да биде во својот дом.

Во соопштението од судот стои:

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при  Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлогот за укинување на мерката притвор определена против обвинетиот Томислав Кежаровски од Скопје поднесен преку неговиот бранител, со решение КОК-КР.бр.267/13 од 07.11.2013 година ја укина мерката притвор против обвинетиот Томислав Кежаровски и му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена, сметано од 07.11.2013 година до правосилноста на пресудата КОК.бр.51/13 од 21.10.2013 година, односно до започнување со издржување на изречената казна затвор.

Жалбата против решението КОК-КР.бр.267/13 од 07.11.2013 година не го задржува извршувањето на истото“.

Кежаровски пред три недели доби првостепена пресуд во Ликвидација од 4 ипол години затвор за издавање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот со платеното убиство во Ореше.

Шилегов: Воведуваме системски мерки, војната против аерозагадувањето мора да ја добиеме!

Влезени сме во војна која што мораме да ја добиеме – таа војна се вика системско решавање на аерозагадувањето. – порача Петре Шилегов од граѓанската трибина во Скопје.

Сите го дишиме истиот воздух, а нашето здравје и здравјето на нашите деца нема цена. Затоа за само 2 години преземавме 28 мерки кои видливо го намалуваат аерозагадувањето на краток, среден и долг рок.-истакна Шилегов.

Во таа насока е и формирање на  ГЕС кој работи на преземање на топловодната мрежа паралелно со процесот на гасификацијата. Ова ќе значи повеќе корисници поврзани на парно греење, повеќе корисници на греење на природен гас, а помалку активни оџаци во градот.-истакна Шилегов.

Истовремено, сериозно се засилени инспекциите и зголемување на бројот на казните за загадувачите и тоа сите го гледаат и тоа сите го знаат.

Денес, вкупно 13 од 23 средни училишта сега имаат нови енергетски ефикасни фасади.

Шилегов истакна дека за прв се воспостави систем за спречување на палењето на огнови на отворено и систем против палењето на стрништата.

При тоа исчистени се  безброј диви депонии. А изградени се над 20 километри нови велосипедски патеки. Отворени се  2 нови паркови и прв зелен кров во Малиот Ринг. Вкупно обновени се над 300.000 метри квадратни зеленило.-посочи  Шилегов од трибината во Скопје.

Започна имплементација на процесот на системско решавање на хигиената во градот и веќе се гледаат новите контејнери на улица кои што се само почеток на овој процес. –истакна Шилегов.  

Тој додаде дека на крајот на овој процес отпадот ќе се селектира, со можност за негово рециклирање и рационално искористување.

Го решаваме проблемот на криминалната концесијата на депонијата Дрисла и во многу скоро време Градот ќе го преземе нејзиното управување, а сето ова со цел да изработиме модел кој што ќе гарантира паметно управување со отпадот, потенцираше Шилегов од трибината во Скопје.

Шилегов: Од февруари низ скопските улици ќе возат 33-те автобуси на гас

 Од февруари низ скопските улици ќе можат да се видат новите 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас, најави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов на завршната трибина „На прав пат" што се одржува во Скопје.

– Наместо набавки на скапи автобуси, на пат се 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас кои од следниот февруари ќе ги гледаме низ скопските улици, рече Шилегов, додавајќи дека се преземаат системски мерки и во делот на хигиената на градот, сообраќајот и аерозагадувањето.

Со новите еколошки автобуси се очекува годишно да се заштедат 25.000 евра за гориво, во споредба со двокатните кинески автобуси. Новите автобуси ќе имаат влијание и врз намалувањето на аерозагадувањето во градот бидејќи емитуваат незначителна концентрација на ПМ честички.

ЕСМ ќе инвестира три милиони евра во хидроелектраната „Вруток"

Со три милиони евра инвестиција ќе се санираат водостанските шахти во хидроелекетраната Вруток, најави  генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски при денешната посета на подружница ХЕС „Маврово".

-Со овој проект ќе се реши проблемот со загуба на вода што трае од 2010 година. Се очекува дека инвестицијата ќе овозможи зголемување на производство за 17.520MWh на годишно ниво, што по просечна цена на струјата изнесуваат околу 700 илјади евра, наведуваат од ЕСМ.

При посетата исто така утврдено е дека до овој момент производство на ХЕС”Маврово”(од трите централи ХЕЦ “Вруток”, ХЕЦ “Равен” и ХЕЦ “Врбен”), изнесува 370GWh,  што е 104 отсто во однос на годишниот план.

притисни ентер