Пратениците од СДСМ во 2005-тата го изгласале Законот за заштита на сведоци

Денеска во Собранието беше поведена иницијатива за преиспитување на Законот за заштита на сведоци откако по истиот закон донесен во 2005-тата на четири и пол години беше осуден новинарот Томислав Кежаровски.
Во 2005 година се донесени измените во Законот за заштита на сведоци, а тогаш владејачката СДСМ не ја искористила можноста да направи измени во законот. Пратениците на СДСМ во мај 2005 година гласале за Законот за заштита на сведоци предложен од владата предводена од СДСМ. За овој закон, според листата на гласање во Собранието, позитивно гласале Цветанка Иванова, Борис Кондарко, Јани Макрадули, Тито Петковски и други пратеници од СДСМ.

„Тој што спротивно на закон ќе ги оддаде: вистинскиот идентитет, домот, престојувалиштето на лицата како и други информации што можат да доведат до нивна идентификација која би им го загрозила животот, здравјето, слободата, физичкиот интегритет или имотот од поголем обем, ќе се казни со затвор од најмалку 4 години“, се предвидува во казнените одредби од овој закон во член 42.

Истиот закон во јули 2005 година бил изменет и дополнет, но и тогаш пратениците од СДСМ не поднеле ниту еден амандман за измена на казнените одредби и намалување на предвидената казна затвор од најмалку 4 години. По осум години од донесувањето на законот, СДСМ се обидува во Собранието да покрене комисиска расправа, иако Кежаровски ја добил најниската казна за делото за кое се товари.

Ветеринарната комора апелира да се искористат бенефициите за бесплатно чипирање на домашните миленици

Сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици.

Ветеринарната комора на Република Македонија, на истекот на кампањата за масовна идентификација и регистрација на домашните миленици (чипирање), која завршува на 31.12.2019 година, апелира до сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици.

После истекот на овој период, како што велат од Ветеринарната комора, микрочипирањето и регистрацијата ќе се наплаќа по редовна цена, а Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и другите инспекциски служби ќе вршат зајакната контрола и ќе ги санкционираат сопствениците кои не го идентификувале својот домашен миленик.

До овој момент во информативниот систем на АХВ се регистрирани 72.155 домашни миленици од кои 69.234 кучиња и 2.921 мачки.

Ветеринарната комора, преку своите членови и понатаму ќе се вклучува во сите активности, кои имаат за цел јакнење на одговорното сопствеништво, како еден од најважните предуслови за решавање на долгогодишните проблеми со бездомните животни. /МИА

Во поплавите во Уганда загинале 16 лица

Најмалку 16 лица загинале во поплавите во африканската држава Уганда.

Портпаролката на Црвениот крст на Уганда Ирене Накаиста изјавила дека обилните дождови предизвикале голема природна катастрофа на истокот од таа африканска земја.

Локалните власти соопштуваат дека повеќе од 10.000 мештани се евакуирани од најзагрозените региони и привремено се здружени по училишта и цркви.

Владата на Уганда издвоила 5,4 милиони долари за помош на загрозените од овие поплави.

Мачеле и убиле куче а потоа го оставиле врзано за ограда од мост

Откако го мачеле и убиле го оставиле врзано за ограда од мост во населбата Мала Губа во Србија.

Имено, како што се гледа на фотографијата, несреќното животно е мачено и врзано а покрај него се наоѓа и локва со крв.

Билјана Вуќелиќ од Прокупље, која е застапник на животните е згрозена од овој чин.

-Страшно е што овој крај станува мачилиште за животни и ова ги преминува сите граници на нормално однесување, вели таа.

Едно здружение за заштита на животните од Србија понудило и 1.000 евра за оној кој ќе даде информација за сторителите на ова злодело.

притисни ентер