Македонското издаваштво на Саемот на книгата во Истанбул

Македонската книжевност и издаваштво се претставени на 32. Саем на книгата во Истанбул, кој трае од 2-ри до 10 ноември. Со финансиска поддршка на Министерството за култура, претставувањето го организира Сојузот на албанските издавачи од Тетово.


На годинашниот саем во турската метропола, кој е на тема „Историја: иднина и минато“, се презентирани последните наслови од издавачката продукција на Македонија - монографии за културното наследство и избрани дела од македонски автори.

Учествуваат над 600 издавачи, невладини организации, агенции за авторски права и писатели. Почесен писател годинава е турскиот историчар и академик Танер Тимур, а почесна земја-гостин на ова саемско издание е Кина.

Неодамна македонската литература и издаваштво беа презентирани и на Саемот на книгата во Белград, кој се одржа од 20-ти до 27 октомври, а организатор на претставувањето беше НУБ „Св. Климент Охридски“. /МИА

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер