Белата куќа го отфрли барањето за помилување на Сноуден

Сноуден го прекрши американскиот закон. Треба да го вратиме во САД и да го соочиме со правдата, пред се за истекувањето на доверливи информации - изјави за Еј Би Си советникот во Белата куќа Дон Фајфер, пренесе Франс прес.

Повеќе од 100 000 луѓе потпишаа петиција со која се апелира до властите на САД да се помилува Сноуден во случај да му биде изречено обвинение.

Барањето за помилување во кое Сноуден е наречен „национален херој на САД“ е објавено на сајтот на Белата куќа уште кон средината на годинава, а американската администрација е обврзана да одговори на секоја петиција со над 100 000 потписи.

- Сноуден го прекрши американскиот закон. Треба да го вратиме во САД и да го соочиме со правдата, пред се за истекувањето на доверливи информации - изјави за Еј Би Си советникот во Белата куќа Дон Фајфер, пренесе Франс прес.

На истиот став се и сенаторката Дајан Фејнстајн која раководи со Комитетот за разузнавачките служби на американскиот Сенат која смета дека Сноуден можел „ да ги пријави приватно своите сознанија“ на нејзиниот комитет - јавува Фокс Њуз.

И републиканецот Мајк Роџерс од Мичиген оценува дека „барањето за помилување на Сноуден е лоша идеја“.

Сноуден е поранешен вработен во американската НСА кој ја обелодени програмата за надзор на телефонската и интернет комуникација. Во август Русија му одобри азил.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер