Путин: Геј спортистите добредојдени на Олимпијадата во Сочи!

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сите спортисти, независно од расата, етничката припадност или сексуалната ориентација, ќе бидат добредојдени на зимската Олимпијада во Сочи.

- Ќе направиме се сите спортисти, фанови и гости, да се чувствуваат удобно на зимските Олимписки игри во Сочи, без оглед на нивната етничка припадност, раса или сексуална ориентација - вети Путин пред претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет, Томас Бах.

Русија потроши 50 милијарди долари на подготовките за Олимпијадата.

Руските медиуми пренесоа дека првиот човек на Олимпискиот Комитет на Путин му честитал за успешно завршените подготовки за Олимпијадата која ќе се одржи од 7 до 23 февруари 2014.

Нема информација дали тој прокоментирал нешто за законската забрана за геј пропаганда во Русија,изгласана во јуни годинава, според која не е дозволено ширење на информации за хомосексуалноста меѓу младите.

Оваа забрана предизвика повици на геј активистите да се бојкотираат Олимписките игри во Сочи.

(21.05 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 61% : Силјановска 246977 , Пендаровски 115722гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 60 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 130.000 гласови пред Пендаровски

ДИК : Силјановска Давкова со 37,07% , Пендаровски 18,29 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 50,24 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,07%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,29 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 16,33 % , Максим Димитриевски 7,87% , Арбен Таравари 12,07 % , Билјана Ванковска 4,38 % и Стевчо Јакимовски 0,97%.

притисни ентер