Кој бил идеологот на измамата на фризерката Благица?

Роднината на фризерката Благица Дончевска - Кирил потврди дел од нејзината одбрана дека и таа како него била жртва на измама односно дека нејзиното семејство платило 35 илјади евра за 3 станови а идеологот на оваа измама бил извесен Ангел Лазаров кој сега е во странство.

Според она што можеше да се слушне во судницата Лазаров му се претставувал на дека работи во одредени служби на МВР за кои подобро е да не го прашува а Кирил му верувал затоа што тој постојано бил опкружен со полицајци и полициски началници.

Становите кои ги нудел Лазаров а се доделувале преку владата и биле со холандска и американска донација никој не ги добил ниту тој ниту Дончевски и нивните кум и старосват рече сведокот. Со него од почетокот на 2012та рече дека изгубил секаков контакт со него. Според Кирил, Лазаров имал бугарски пасош и станови во Минхен но последно за него разбрал дека е во Петрич Бугарија.

Според него тука завршила целата приказна со становите и тој ниту и рекол на Дончевска да нуди становите ниту зел од неа пари кои ги уплатиле 40тината оштетени граѓани. Токму поради спротивставените тврдења на барање на обвинителот тие се соочија во судница. Еден наспроти друг рафално разменија обвинувања

Благица: Гневна сум што после 220 дена притвор три деца дома и 40 оштетени луѓе зошто Кирил не признаеш дека ти предавав пари од оштетените. Тврдам дека над 400 илјади евра му се дадени на рака. Не 200 уште 400 дена ќе лежам ама сакам да признаеш. Лажеш лажеш!

Кирил : Не лажам Благица. Ни 4 центи од тебе не сум зел. Ниту сум имал средби со тебе. Освен тие 35 илјади евра други пари не сум зел од тебе

Сведочеа и мајката и сопругот на фризерката. И двајцата тврдеа дека не знаеле како Дончевска ги заработува големите суми на пари иако фризерницата веќе не и работела. Мајка и тврдеше дека се криела од неа но од друга страна тврдеше дека токму зетот се расфрлал со парите купувал скапи коли мотори билијард клуб кој целосно го опремил така што и лустерите над масите вределе по 1500 евра.

Сопругот пак во судницата тврдеше дека воопшто не знаел со што се занимава Благица и не ни помислувал на она за што е обвинета. Мислел дека како и друг паат кога им требале пари дека позајмува од првиот сопруг.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер