Коштуница: Со изборите на 3 ноември ќе се збогуваме од Косово

Поранешниот српски претседател, Воислав Коштуница, смета дека локалните избори на Косово се лажни, антиуставни и антидржавни, и со нив „власта се откажува од еден дел од државата“.

Лидерот на Демократската партија на Србија ги повика Србите од Косово да ги бојкотираат локалните избори на 3 ноември.

-Ние денеска ги повикуваме нашите сонародници во Косово одлучно и обединети да докажат дека се граѓани на Србија и оти за нив не постојат одделни избори, изјави Коштуница.

Според него, „актуелната власт се обидува да го измами српскиот народ на Косово како за да ја добијат асоцијацијата на општини со мнозинско српско население, но заборава да каже каде се наоѓа таа асоцијација и како таа ќе се формира, дали врз основа на српските закони или врз  сепаратистички закони“.

Коѕијас: Граѓаните на соседната земја имаат право на самоопределување

Граѓаните на соседната земја имаат право на самоопределување – вели во интервју за тамошните медиуми шефот на грчката Никос Коѕијас.

Грција вели тој, не може да го смени универзалното право на соседите да се нарекуваат Македонци, на индивидуално и неофицијално ниво.

Еден жител на Скопје и вели на неговата девојка дека е Македонец. Што ќе правиме? Ќе создадеме метафизичка држава што ќе го става во затвор? Она што го кажавме е дека граѓаните на оваа земја имаат право да се самоопределуваат како сакаат. Тоа е универзално право што не можеме да го смениме. Но, во исто време, ние можеме да ги викаме како сакаме. – изјави Никос Коѕијас – Министер за надворешни работи на Грција.

Во однос на договорот од Преспа, Шефот на грчката Дипломатија вели дека условите биле зрели за тоа. Во интервјуто Коѕијас во неколку наврати споменува дека станува збор за компромис и за отстапки од двете страни, бидејќи како што вели,  Грција не го освоила северниот сосед за да му ги наметне нејзините позиции.

- Ако не претходеа отстапувањата во преговорите сите овие 25 години, се ќе беше полесно. Но, ние имаме две прашања. Едно, дека треба да се согласи и другата страна, бидејќи не ги освоивме преку војна за да им го диктираме она што го сакаме ние. Сакаме другата страна да го убеди нејзиното општество, да добие мнозинство во Собранието, да го добие референдумот, да го ревидира Уставот, да направи тешки работи, вели шефот на грчката дипломатија во однос на тоа дали Договорот од Преспа е најдобриот што можела да го склучи Грција. – додаде Коѕијас.

Изјавата на Коѕијас доаѓа ден откако во друго интервју грчките медиуми кажа дека опозициите во двете земји користат остар говор на омраза и истакна дека е загрижувачко несогласувањето на овие партии околу договорот за името меѓу двете земји. Лидерот на грчката опозиција пак Кирјакос Мицотакис во вчерашното интервју за Зи Дојче Цајтунг, изрази незадоволството против постигнатиот договор, но додаде дека ќе го почитува доколку биде ратификуван во грчкиот парламент. Мицотакис во интервјуто нагласува и дека референдумот во земјава ќе успее.

Османи: Се надевам дека опозицијата ќе сфати оти земјата нема иднина без ЕУ и НАТО

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека спротивставувањето на опозицијата на Договорот за името со Грција, кој, како што вели е договор за идните генерации, а не идните избори, ќе ја искомпликува политичката ситуација во земјата.

Но, се уште се надева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе сфати дека земјата нема иднина без ЕУ и НАТО и оти така ќе се однесува. Сепак, тој е уверен дека и без поддршката на опозиција процесот може да биде успешен, пред се, како што вели, заради довербата во изборот и проценката на народот. 

- Опозицијата се уште го држи овој процес во заложништво, а со тоа и иднината на државата. Би сакале оваа битка да ја водиме заедно со опозицијата, но, ако е потребно ќе го направиме тоа и без нив и ќе успееме. Верувам дека со големата поддршка на граѓаните ќе успееме да го направиме тоа во предивденото време, вели Османи во интервју за грчкиот весник „Етнос“, кое го пренесува МИА.

Прашан што доколку референдумот, што треба да се одржи есенва, не биде успешен, вицепремиерот истакнува дека не очекува оти тоа може да се случи, затоа што, истакнува, има доверба во народот.

- Сигурен сум дека народот ќе го препознае едноставниот избор, може да одиме  напред кон подобра иднина или да се вратиме назад во минатото. Сигурен сум дека повеќето ќе го изберат првото, вели вицепремиерот Османи. 

Тој истакнува дека затоа работат да ја убедат опозицијата да вети дека ќе ја поддржи волјата на народот каква и да е и оти и власта ќе направи тоа.

- Ако има и еден глас повеќе против договорот ние ќе го почитуваме таа волја на луѓето, вели Османи. 

Тој одговарајќи на прашање што доколку на предвремени избори, можност што ја најави премиерот Зоран Заев, на власт дојде партија која не се согласува со Договорот, вели предвремени избори не се приоритет бидејќи тие би ги успориле реформи, но верува дека и кога би се одржале избори утре владејачките партии повторно би победиле. 

Во врска со едно од прашањата што произлегува од Договорот за името, а е поврзан со комерцијалниот бренд „Македонија,  Османи вели дека многу аспекти од овој Договор, кој според него, во основа е фер копромис за двете страни, треба да се воспостават преку пракса и добра волја да се оди напред.

Како најголем предизвик со кој земјава се соочува на патот кон ЕУ, ги посочува корупцијата и судскиот систем, но и воспоставување систем на меритократија, вреднување на сработеното и создавање државни служби во интерес на граѓаните.

- Подготвени сме да се цврсто да се посветиме на овие реформи, кои ќе донесат брзи промени, вели вицепремиерот Османи. Тој додава дека предизвик за земјата се и подготовките за тешкиот скрининг процес и подоцна за преговорите со ЕУ, бидејќи, како што посочува, законодавството, политичкиот и социјалниот систем мора да се приспособат кон ЕУ стандардите.

Во врска со интересот на други меѓународни актери, меѓу кои и Русија за регионот, во момент кога сега тој забрзано чекори кон ЕУ и НАТО, Османи вели дека Москва нема ниту ниту ресурси, ниту толкав интерес да создава проблеми во овој регион за подолг период.

- Верувам дека сегашните напори на Русија се последен обид да го сопре или успори неповратниот процес на пристапување на Макединија во ЕУ и НАТО, додаде вицепремиерот Османи во интервјуто за „Етнос“, кое го пренесува МИА. 

Во врска со информациите на македонската Влада за тоа дека руски бизнисмен од Грција давал пари за насилни протести во Македонија пред рефрендумот, Османи ги повикува меѓународните и домашните институции да извршат брза и непристрасна истрага во врска со овие наводи со цел да се открие вистината. /МИА

Фонда за иновации: Процедурата за првиот јавен повик од Планот за економски раст е транспарентна

Фондот за иновации и технолошки развој тврди дека процедурата по која е спроведен првиот јавен повик од Столб 3 на Планот за економски раст на Владата на РМ е целосно транспарентна.

- Ги поздравуваме сите повици да се испита работата на Фондот и ги повикуваме сите надлежни органи да го сторат тоа неодложно.  Како и досега остануваме целосно транспарентни и отворени за одговор на сите прашања и дилеми кои се поставуваат во јавноста, се вели во денешното соопштение од Фондот за иновации.

Оттаму потсетуваат дека на првиот јавен повик од Третиот столб се јавиле 236 компании од земјата, а 80 од нив кои ги исполниле критериумите ги добиле бараните средства во првиот инвестициски бран. Исто толку компании, додаваат од Фондот, ќе добијат средства во рамките на вториот инвестициски бран од Првиот повик.

- Би сакале да потенцираме дека Фондот ни досега, ниту во иднина, вршел или ќе врши дискриминација на компаниите по било која основа. Компаниите се оценуваат единствено според квалитетот на понудените проекти и придобивките од нив. Истовремено Фондот нема мандат, ниту обврска да врши анализа на сопственичкиот капитал на компаниите кои аплицираат, ниту да врши проценка на нивната политичка подобност, се истакнува во соопштението.

Од Фондот за иновации посочуваат дека критериумите кои компаниите треба да ги исполнуваат за да може да аплицираат, документација која треба да биде доставена, какви активности и трошоци се подобни за ко-финансирање, критериумите за оценување на проектна апликација како и начинот на пред-селекција и евалуација и роковите поврзани со тоа се јасно наведени и објавени во Јавниот повик и правилниците. (http://www.fitr.mk/portfolio-item/stolb3/)

Пред-селекцијата за првиот повик ја спровеле 80 надворешни лица, експерти од 22 области, кои преку Јавен повик ги ангажирал Фондот.

- Апликациите кои во просек добија најмалку 51 поен поминаа во фазата на селекција. Финалната селекција ја прави Комитет за одобрување на инвестиции на Фондот кој е составен од петмина странски експерти со минимум десетгодишно меѓународно искуство во областа на инвестициите и иновациската дејност, појаснуваат од Фондот за иновации.

Оттаму додаваат и дека избраните компании биле јавно објавени на интернет - страницата на ФИТР со информации за износот на доделените средства, влогот на компанијата и според кој инструмент (технолошки развој или иновативност) се финансирани и истакнуваат дека стојат на располагање за сите дополнителни информации.

притисни ентер