Марко Чаласан е шестиот најпаметен тинејџер во светот

Четиринаесет годишниот Марко Чаласан се најде на шестото место на листата на 50 најпаметните тинејџери во целиот свет. Листата е креирана од организацијата Best Schools, а интересен е податокот дека само Марко и Аинан Селест се единствени тинејџери во првите десет кои не потекнуваат од САД.
Марко Чаласан е компјутерско чудо од дете. Тој е најмлад MSCA (на возраст од 8 години) и MSCE (на возраст од 9 години). Во моментов има 12 сертификати од Microsoft и еден Cisco сертификат. Првиот сертификат го доби на само шест годишна возраст. 

Родителите на Марко велат дека научил да пишува и чита уште на 2 години, а англиски веќе можел да зборува на возраст од 4 години. Во описот даден лично од Марко за неговите први сеќавања користејки компјутер вели дека имал само 3 години и си "играл" инсталирајки Windows, правејки виртуелни машини...



Во 2010 година, Марко напиша книга за сите процеси поврзани со пред, за време и после инсталацијата на оперативниот систем Windows 7. Книгата содржи 305 страници и моментално се користи во училиштата низ Македонија.

Марко им предава основи на компјутери на деца од 8 до 11 години во неговото училиште. Зборува три јазици и учи уште еден. Во иднина би сакал да пишува учебници за информатика за сите корисници од почетници до експерти.

„Информатиката во училиштата не е толку сериозна. Кога би бил професор би ги предавал сите нормални предмети, но би ја имплементирал информатиката и во хемијата и физиката за да се учат подобро“ - вели Марко.

Прв на листата на најпаметни тинејџери е Џек Андрака од САД кој и покрај тоа што има само 16 години е креатор на сензор кој бара хемикалии во крвта кои ќе им помогнат на лекарите при дијагностицирање на рак на панкреас.

Доколку сакате да ја погледнете листата на 50те најпаметни тинејџери, кликнете на следниов линк:

http://www.thebestschools.org/blog/2013/09/25/worlds-50-smartest-teenagers/

Обвинение за штипјанец кој злоупотребил средства од ЕУ фондовите

 Триесет и двегодишен штипјанец е обвинет за  измама и злоупотреби средства од фондовите на Европската Унија.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинението следи по сеопфатна  истражната постапка водена од јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, во која се прибрани  материјални и вербални докази, по чие разгледување и анализа е утврдено дека обвинетиот искористувајќи ист траен однос со преземање на временски поврзани дејствија, во текот на временскиот период од 2015 до 2017 година ги извршил кривичните дела – злоупотреба на службена положба и овластување  и измама на штета на средства на ЕУ.

Обвинетиот, како што е наведено во соопштението, кривичното дело го извршил како одговорно лице – управител на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ" ДОО Свети Николе, каде содружник е и правното лице „АГРОПИОНЕР" ДОО Скопје управувано од државјанин на Саудиска Арабија.

– Употребувајќи средства спротивно од одобрената намена за која се добиени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како и со искористување, пречекорување и неизвршување на своите овластувања и должности обвинетиот нанел штета на  оштетеното правно лице во кое бил управител и тоа во вкупен износ од  69.825.499,00 денари, велат од Обвинителството.

Имено, обвинетиот со образложение за потреба и користење на средства од ИПАРД програмата склучил договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за користење на средствата за плаќање на 50 отсто од вредноста на опрема,  со што добил парични средства во износ од 14.989.596,00 денари. Истовремено од  „Стопанска Банка" АД Скопје за долгорочно финансирање мултивалутна кредитна рамка подигнал парични средства во износ од 1.600.000 евра. Но, наместо  согласно договорот паричните средства од ИПАРД програмата да ги трансферира на сметката на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ" ДОО Свети Николе во Стопанска Банка АД Скопје согласно договорот за долгорочно финансирање заради наплата на дел од кредитот, обвинетиот без согласност на правното лице – содружник, ги трансферирал средствата на сметка на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ" ДОО Свети Николе во Комерцијална  Банка АД Скопје од каде средствата  се  уплатувани на правни лица блиски до него по различни основи  во вкупен износ од 6.406.206,00 денари. Остатокот од паричните средства во износ од 8.583.390,00 денари тој ги исплатил на други правни лица за тековни фактури по разни основи.

Во периодот кој бил предмет на истрага на Основното јавно обвинителство, обвинетиот во својство на управител, без согласност на содружникот правно лице, електронски одобрил и исплатил шест трансакции во вкупен износ од 13.720.147,00 денари, по што испорачувал разни материјални добра на правното лице  кон други правни и физички  лице во вкупен износ од 15.690.491,00 денар за кои изготвил само испратници и приемници без да преземе дејствија за наплата  на побарувањата.

Обвинетиот исто така склучил и 36 договори за откуп на овошје и четири договори за деловно техничка соработка – заедничко производство на домати, притоа не вршејќи наплата на побарувањата и обврските од истите, со што нанел штета на правното лице во износ од 2.188.873,00 денари. Во истиот период , обвинетиот без согласност на содружникот, дозволил влез  и производство во просториите на  фабриката „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ" ДОО на други правни лица од кои не ја наплатил закупнината, платата за вработените и останатите режиски трошоци со што нанел штета на правното лице во висина од 23.236.392,00 денари.

Со сите преземени дејствија, обвинетиот 32-годишен штипјанец, ги сторил кривичните дела за кои надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје поднел обвинителен акт до Основниот кривичен суд- Скопје. 

Почнува изградбата на фабриката „Балканлар пластик“ во ТИРЗ Скопје1

Во Технолошко индустриската зона Скопје 1, денеска започна изградбата на фабриката Балканлар Пластик.

 Станува збор за турска инвестиција.

Рикер: САД се подготвени да се вклучат во дијалогот Белград - Приштина

САД се подготвени да се вклучат во преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, но тоа не можат да го направат додека двете страни сами не одлучат да му се вратат на дијалогот, изјави в.д заменик државен секретар на САД Филип Рикер.

Тој за американските медиуми истакна дека за евентуално посилна улога на САД во преговарачкиот процес, неодамна разговарал и со првиот човек на Стејт департментот, Мајк Помпео.

Рикер кој евршителот на должност заменик државен секретар на САД  во моментов е највисокиот официјален претставник во Стејт департментот кој се занимава со Балканот изрази верување дека двете страни имаат волја за наоѓање решение, со што ќе придонесат за стабилност и просперитет на западен Балкан.

притисни ентер