Спасов: Лиценцирањето на воспитувачките ќе биде бесплатно

Вработени во градинките и директорите на установите за деца да не се грижат околу лиценцирањето на стручните лица вклучени во системот на згрижување, воспитување и образование на децата од предучилишна возраст, порача министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

За спроведување на процесот е формирана посебна Комисија која изработува сеопфатна програма. При изработката на програмата, според Спасов, се користи обемна литература, од која ќе произлезат едноставни прашања и брошура која ќе им помогне на вработените во градинките полесно да го совладаат материјалот врз кој ќе се проверуваат стручните знаења.

- Лиценцирањето за вработените воспитувачки и негувателки ќе биде бесплатно, тие нема да плаќаат за издавање лиценца. Од Комисијата барав да се врши и регионално полагање на испитите. Полагањето за добивање лиценца ќе се спроведува и во Охрид со цел вработените да имаат што помалку трошоци, да не одат до Скопје за да го полгааат стручниот испит, изјави Спасов.

Процесот на лиценцирање ќе се реализира во сесии и по региони согласно бројот на пријавени кандидати, најдоцна до јули 2014 година.

- Процесот треба да заврши кон крајот на јули идната година. Има доволно време за сите вработени да го поминат, да го совладаат материјалот, кој дополнително ќе биде објавен. Прашањата ќе бидат објавени со материјал кој вработените ќе треба да го совладаат. Доколку има одредени проблеми ќе помагаме да се надминат за да се лиценцираат сите вработени во градинките и воопшто да не се грижат, појасни Спасов.

Оние што нема да го положат испитот, нагласи, не ќе можат да се занимаваат со згрижување на деца.

- Процесот на лиценцирање е проверка и котрола на знаењето и познавањето на основите за згрижување деца. Се проверува дали некоја вработена или што треба да биде вработена во градинките е осудувана за семејно насилство, насилство врз дете,... Затоа, при процесот се води сметка за се, рече ресорниот министер.

Директорката на детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид Розе Костеска е уверена дека проверката на стручното знаење и лиценцирањето нема да биде товар за вработените во установата.

- Нема простор за паника, станува збор за искусни луѓе кои веќе работаат со деца, ја познаваат воспитно образовната работа и теоријата, бидејќи завршиле соодветно образование, нема потреба да се плашат од прашањата, изјави Костеска.

Отворање на изложбата „Интимност и интерконекција“ во Куманово

Зимскиот салон од Штип ќе гостува во Куманово со изложбата „Интимност и интерконекција“ која ќе биде претставена во уметничката галерија во градот.

Отворањето на изложбата е вечер во 19.30 часот, а посетителите ќе имаат можност да ја посетат до 8 мај.

-Сметаме дека ваквите претставувања на изложбите на ДЛУМ се од голема важност бидејќи ДЛУМ се состои од членови од цела Македонија, велат од Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Следната поставка на оваа изложба се планира да биде во Музеј Битола.

Премиера на „Паника“ во Велешкиот театар

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва во 21 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Паника“ на финскиот автор Мика Мулуахо, во режија на Александар Ивановски. 

Во претставата, која е дуо драма настапуваат Стефан Николовски како Лазе и Филип Христовски како Мики. Драматург на претставата е Катерина Момева а сценографија на Филип Коруновски а музиката е во избор на двајцата актери.

Како што појаснуваат од велешкиот театар, приказната е за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, тие се соочуваат еден со друг, си помагаат еден на друг, се провоцираат еден со друг, преку што избиваат нивните внатрешни конфликти.

-Во претставата се навлегува во најдлабоките теми на суштествувањето, прашања што го мачат секој човек кој сака да биде сакан и прифатен, а општествениот и социјален притисок наметнува стеги каде индивидуалниот идентитет се гуши, се преиспитува себеси, а преку оваа претстава сугерираме дека човек треба прво да се прифати таков каков што е, за да може да се промени. Играјќи си со жанровите, понекогаш нештата изгледаат многу трагично, а има мигови кога не ќе можете да се воздржите од смеење, поради суптилниот хумор што се провлекува низ целото дело и преку кој се релативизираат проблемите, се разобличуваат карактерите со нивните човечки мани, оправдувајќи ја нивната несовршена природа, појаснуваат од театарот.

Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран

Денешниот напад „имаше намера да му сигнализира на Иран дека Израел има способност да нападне во внатрешноста на земјата“, изјави неименуван израелски функционер за „Вашингтон пост“.

Нуклеарната организација на ОН (МААЕ) потврди дека иранските нуклеарни локации се неповредени, по извештаите за напад во ирански Исфахан.

МААЕ, исто така, го повтори својот повик и Иран и Израел да покажат максимална воздржаност, нагласувајќи дека атомските капацитети никогаш не треба да бидат цел.

притисни ентер