Велосипедска трка низ охридските улици

Триесет и три велосипедисти од 11 клубови од Македонија денеска ја возат Градската велосипедска трка „Благо Мостро“ низ охридските улици, во рамки на одбележувањето 76 години од формирањето на Велосипедскиот клуб во Охрид, 100 години од раѓањето на Благо Мостро и 120 години од формирањето на Македонската револуционерна организација.

На кружната патека „Благо Мостро“, со должина од 3,2 километри учествуваат лиценцирани велосипедисти во женска категорија, мастерси-постари од 30 години, како и кадетите, јуниорите и сениорите.

- Зависно во која категорија се, велосипедистите треба да извозат определен број кругови. Најмалите, кадетите имаат задача да извозат 12, јунорите 15, а сениорите 20 кругови. Првите три најдобри велосипедисти во секоја категорија ќе добијат медали, а најдобриот од сите пет категории ќе се закити со трофејот „Благо Мостро“, информира Александар Јованоски од Велосипедскиот клуб „ЕкоДром“. 

Означувајќи го старот, советникот во општина Охрид Климе Шешов ги охрабри велосипедистите да ја извозат трката, со порака да победи најдобриот.

- Ги охрабруваме сите млади велосипедисти да ја извозат трката. Ние како локална самоуправа и во иднина ќе ги поддржуваме ваквите спортски манифестации, рече Шешов.

Трката е во во организација на општина Охрид, велосипедскиот клуб „ЕкоДром“ од Охрид и Велосипедската федерација на Македонија.
притисни ентер