Експлозија во руски воен камп - шест загинати

Во експлозија во камп за воена обука во регионот Псков во западниот дел на Русија загинале шест војници, додека двајца се повредени, пренесе руската државна агенција.

Во соопштението се наведува дека „шест припадници на руските воздухопловни сили загинале во експлозија, додека уште две се повредени и префрлени во најблиската медицинска установа“.

Се уште не е позната причината за експлозијата, која се случила откако војниците се враќале од противпожарна вежба. 
притисни ентер