Кери: Умерената сириска опозиција се уште се премислува

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека претставниците на сириската умерена опозиција се уште се премислуваат дали да учествуваат во преговорите со претставниците на Владата на Башар ал Асад, за создавање нова Влада за да се стави крај на крвавата граѓанска војна во Сирија.

Кери по денешните разговори со сирискиот опозициски лидер Ахмад ал-Џарба изјави дека се надева оти преговорите би можеле да почнат веќе наредниот месец.

Според Кери, коалицијата на Ал-Џарба во рок од една недела ќе одлучи дали е подготвена да се сретне со претставници на Владата на Асад. /МИА


притисни ентер