Берлускони на поранешната сопруга ќе плаќа по 1,9 милиони долари месечно

Италијански суд двојно ја намали првично одредената сума пари што треба поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони да ја плаќа на својата поранешна сопруга.

Берлускони, на Вероника Ларио со која има три деца ќе треба да и плаќа по 1,9 милиони долари месечно.

Поранешната актерка Ларио поднесе барање за развод во 2009 година,.

Берлускони претходно изјави дека тричлениот судски совет донел „нереална“ пресуда, бидејќи бил составен од „феминистки и комунистки“. Берлускони и Ларио беа во брак 22 години./МИА




притисни ентер