Мајката на Марија е Бугарка, ја дала на Ромите бидејќи не можела да ја чува?

Ова е една од верзиите која се појави откако грчката полиција го пронајде русокосото девојче во ромско семејство каде што не припаѓа. Грчко семејство, пак, бара ДНК анализа надевајќи се дека Марија е нивна!

Се уште се трага по идентитетот на 4 годишното русокосо девојче кое грчката полиција го најде во ромско семејство во Фарсала. Роднина на уапсената ромска двојка кај која е најдено детето во грчката програма „Светло во тунелот“ изјавила дека детето ним им било предадено во 2009 веднаш по раѓањето од страна на нејзината мајка Бугарка која не можела да ја чува. Наводно мајката на Марија живее во селото Софадес во северна Грција.

Од друга страна грчка брачна двојка инсистира на проверка дали Марија е нивна. Имено, лекарите по раѓањето на нивното дете во Солун им рекле дека починало, но кога побарале доказ, виделе дека ковчегот е празен - пишува greekreporter.com.

Девојчето сега е згрижено од експертите на грчката невладина организација „Насмевка на децата“. Различните верзии кои се појавуваат за нејзиниот идентитет сепредмет на истрага на полицијата која по пронаоѓањето на Марија упари интернационален апел да се открие чие е девојчето. Се појавија стравувања дека е дел од поголем европски ланез на трговија со деца но се појави и надеж кај многу семејства чии деца исчезнале, дека се уште се живи!

Кај ромската двојка кај која е најдена Марија живееле 13 деца, за неколку од нив тие поседувале фалсификувани документи. Според документите најдени кај нив, излегува дека 40 годишната жена во период од 5 месеци од јуни до ноември 1993 родила 3 деца, а од октомври 1994 до февруари 1995 родила уште три.


Потрагата по идентитетот на Марија продолжува. Полицијата апелира секој што знае нешто да се јави на броевите +1 2410-683171 и +1 2410-683184 / 5 или да контактира со hamogelo.gr.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер