Јанкулоска во Букурешт: Да се интензивира соработката за поголема ефикасност

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска учествуваше и се обрати на денешниот состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Букурешт, на која се дискутирани теми од значење за интензивирање на соработката, односно за подобрување на ефикасноста на полициската соработка.

Јанкулоска во обраќањето потенцира дека посебно се значајни заедничките операции кои земјите од регионот ги спроведуваат, но исто така и заедничките операции кои се спроведуваат заедно со европските земји.

Како добар пример се посочени активностите на граничните полиции кои во соработка со „Фронтек“ беа меѓу другите земји одржани и во Република Македонија, каде што, подвлече таа, навистина се постигна еден значителен успех со оглед на тоа што заедничката операција на повеќе полиции се одвиваше на нашата јужна граница, каде што полициските службеници од различни држави постапуваа по иста методологија и покажаа висок степен на усогласеност на методологијата и стандардите по кои работат полициите.

- Беше потенцирано дека посебно е значајно земјите да ги интензивираат формите на соработка затоа што единствено на тој начин ние можеме да сме сигурни дека секогаш кога е неопходно потребно ние можеме да реагираме брзо, ефикасно да ги разменуваме информациите и со тоа да ја зголемиме нашата ефективност. Во таа смисла Република Македонија секогаш дава поддршка на новите иницијативи кои значат подобра координација на службите од регионот, изјави за МИА министерката Јанкулоска.

Во име на Република Македонија таа денеска го потпиша Договорот за полициска соработка со Молдавија. Со тоа, нагласи, практично дополнително се прошири мрежата на институции за спроведување на законот со кој македонската полиција може да соработува. Во овој момент, информира, МВР има 18 договори за полициска соработка и осум меморандуми што само по себе значи една широка мрежа која овозможува на ефикасен начин македонската полиција брзо да добива информации и да дејствува тогаш кога е потребно. /МИА

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Американскиоот Сенат гласа за помошта за Украина

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Американскиот Сенат денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, што се очекува речиси сигурно да биде одобрен бидејќи Претставничкиот дом даде зелено светло за помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправи.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, чија партија тесно го контролира тој дом на Конгресот, во саботата рече дека „крајот на дебатата“ за пакетот помош сега е на повидок и дека договорот е „одреден“ за гласање во вторник.

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Конечниот пакет, што предвидува 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и за Тајван заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне кај претседателот Џо Бајден за негово одобрување до крајот на неделата.

Гласањето во Сенатот треба да оди непречено, без да мора да се справува со комплицираните преговори и несогласувањата со кои се занимаваше Претставничкиот дом под контрола на републиканците. /МИА

притисни ентер