Ивановски: Со МАН и ЗНМ да ги договориме подзаконските акти на законите за медиуми

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски апелира до Македонската асоцијација на новинари (МАН) и до Здружението на новинари (ЗНМ) заедно да ги договорат подзаконските акти за законите за медиуми и за аудиовизуелни медиумски услуги.


- Во повеќе наврати сме упатиле порака до Здружението на новинари на Македонија  да седнеме на маса да се договроиме. Апелирам до двете асоцијации  и до Македонската асоцијација на новинари и до Здружението на новинари да седнеме да ги договориме подзаконските акти од законите за медиуми и за аудиовизуелни медиумски услуги бидејќи токму тие се многу битни во спроведување на терен на која било легислатива, изјави денеска Ивановски, одговарајќи на новинарско прашање што презема за одмрзнување на преговорите со ЗНМ по извештајот од Европската комисија за делот со слобода на медиумите.

Ивановски, кој учествува на меѓународната конференција за човечки ресурси, не прецизира дали ќе има промени кај законот за медиуми, којшто, како што рече, е во напредна фаза во Собранието
притисни ентер