Македонија ќе изготви извештај за емисијата на стакленичките гасови

Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП денеска потпишаа договор за партнерство за изготвување на Првиот национален двегодишен извештај, кој ќе содржи информации за емисиите на стакленички гасови од Македонија.

Договорот го потпишаа министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и вршителот на должноста постојан претставник на УНДП, Алесандро Фракасети.

Извештајот треба да послужи како основа за креирање на соодветни политики за успешно намалување на последиците од климатските промени. Документот ќе ги обнови податоците на националната база на емисии на стакленички гасови и ќе постави основа за воведување систем за мониторирање, известување и верификација на емисиите. Ќе се развијат и критериуми за поставување на приоритетни мерки за ублажување на климатските промени.

Проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање и на УНДП за изработка на извештајот е вреден 430 илјади долари кои се обезбедени од Глобалниот еколошки фонд.

Ваков документ до крајот на следната година треба да изготват сите земји потписнички на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени. /Извор: МИА/

Левица: Поднесени осум тужби против Собранието на РМ

Левица поднесе осум тужби против Собранието на РМ

Политичката партија Левица и нашите двајца пратеници во Собранието на Република Македонија, во законски предвидениот рок од 30 дена, поднесоа осум поединечни тужби пред Управниот суд против Собранието на РМ, како јавен орган, за поведување управен спор заради непочитување на процедурата за верификација на мандатите на следниве осум пратеници: Бедри Фазли и Фисниќе Бектеши Шаќири од ДУИ, и Драгица Ѓавочанова, Зеќир Рамчиловиќ, Белкиса Зеќири, Славјанка Петровска, Снежана Калеска Ванчева и Мирослав Богдановски од владејачката коалиција „Можеме“.

Тужбите, со кои се бара поништување на овие спорни поединечни управни акти и враќање одново на процедурата за верификација, се поднесени врз освнова на чл. 3, ст. 1, ал. 4–5, а во врска со чл. 4, ст. 1, ал. 1 од Законот за управните спорови (2019), а како причина за утужувањето се наведени и документирани апсолутно суштествени и неотстранливи процесни повреди на постапката – т.е. бидејќи во постапката која му претходеше на носењето на актите флагрантно се прекрши процедурата за верификација на мандатот на нов пратеник за остаток од мандатот, кој доаѓа на местото на друг пратеник од истата кандидатска листа и воопшто не се постапи според правилата на постапката кои се детално регулирани со закон и со Деловникот на Собранието.

Во прилог на оваа наша теза, дека има неотстранливи „грешки во чекори“ во процедурата, говори и фактот што самото Собрание на РМ, по нашите процедурални интервенции на пленарната седница, си ја увиде својата флагрантна грешка и повреда на чл. 17 од Деловникот, па после првата спорна тура на вакви осум контроверзни верификации, веќе во следните два идентични случаја на верификација на остаток на мандат (на пратениците Емилија Рамбабова и Диме Велковски) – го поправи своето недопустливо однесување, доставувајќи не коректен Извештај од непостоечката Верификациона комисија, туку од надлежната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања – што, пак, доведува до еклатантна повреда на уставното начело на владеење на правото и правната сигурност, затоа што за една иста пропишана фактичка и правна ситуација недозволиво се воведува различна парламентарна пракса, т.е. два сосема различни механизми на верификација.

Засилени сообраќајни контроли во Штип: 50 казни за еден час

Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, почна со спроведување засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Штип, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Штип.

– Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл.,а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата, рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Штип да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

– Само за еден час во денешната акциска контрола во Штип изречени се педесетина санкции, пред се за пречекорена брзина, нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола... , соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола ќе бидат презентирани утре.

Извештај на ИЈЗ за период 14-20.09.2020 Зголемен број тестирања, новозаболени и починати

Регистрирани се вкупно 951 позитивни случаи од 29 градови во државата што претставува зголемување од 34,9% во однос на минатата недела.

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември 2020г., тестирани се вкупно 9.661 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од 15.7% во однос на минатата недела.

Регистрирани се вкупно 951 позитивни случаи од 29 градови во државата што претставува зголемување од 34,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=261; 27,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани - 154,3 на 100.000 жители. Во истиот период, во 16 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 9.8% или 1.4 % повеќе во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=213, 22,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=176; 18,5%), 30-39 (n=173; 18,2%), 40-49 (n=149; 15,7%) и 20-29 (n=147; 15,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=37; 3,9%) и 10-19 години (n=56; 5,9%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=907; 95,4%), регистрирани се 80 (8,4%) хоспитализирани (намалување од 37,0% во споредба со минатата недела), а кај 268 (28,2%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи во периодот 14-20 септември, 313 (32,9%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 33 лица со историја на патување во последни 14 дена.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 636 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 48 смртни случаи, 21 повеќе од минатата недела. Во однос на возраста, 32 лица биле над 60 години, 8 на возраст од 50-59, 4 од 40-49 години, 3 од 20-29 и еден случај од 30-39 години. Од починатите 42 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 35 од починатите лица.

притисни ентер