Видео: Веслачки се сликаа голи за хуманитарни цели

Студентките од веслачкото здружение на универзитетот Ворвик во Велика Британија лани оскудно облечени се сликале за календар, кој од феминистките бил оценет како "евтин" и "сексистички". Годинава, веслачките решиле да се сликаат сосема голи.

На новите фотографии за календар за 2014 година може да се видат 17 девојки, на возраст од 18 до 21 година, како веслаат низ реката Ејвон – сосема голи.

Приходот од продажбата е наменет за здружението "Macmillan Cancer Support" кое им помага на заболените од рак, што значи дека голотијата овој пат има хумана цел.

За идејата е заслужна студентката по историја Хети Рид (21) која вели дека минатогодишните критики предизвикале револт кај веслачките.
"Само се забавувавме и тоа со добра цел, а нашиот веслачки клуб сега има уште повеќе обожаватели. Ни се заблагодарија многу луѓе кои се заболени од рак, а кој може да ни замери за тоа?", кажала Хети Рид. /Извор: Daily Mail/.

притисни ентер