Бред и Анџелина потпишаа предбрачен договор „тежок“ 380 милиони долари?

Бред Пит и Анџелина Џоли наводно потпишале предбрачен договор вреден 380 милиони долари откако испланираа да се венчаат пред Божик.

Во текстот на договорот со 101 страница се наведува дека Бред во случај на развод ќе го задржи своето богатство од 209 милиони долари, а Анџелина ќе ги задржи своите 171 милион. Старателството врз шесте деца ќе го делат.

- Анџелина секогаш се двоумеше во врска со договорот, но Бред ја убеди дека така е најдобро. Тој е романтичен, но и практичен. Двајцата претходно беа во брак и знаат дека развод може да биде тежок – изјавил за британската Грација извор близок до славната двојка.

- Актерската двојка сакала да се венча во Франција, но тоа не е возможно бидејќи не се државјани на таа земја. Затоа, планираат дел од церемонијата да се одржи во нивниот француски дом, а дел на Хаваи.
 
притисни ентер