Количка со бебе смачкана на тротоар - за прекрасно чудо детето е добро!

Мајката ја буткала количката со детето на тротоарот кога на улицата дошло до судар на две возила од кои едното се качило на тротоарот и ја приклештило количката со детето до ѕид!

Ова се случило во британски Грејвсенд во понеделникот. Се се случило за миг! Мајката во шок сфатила дека колата налетува токму кон количката. Преплашена за детето, во тој шокантен момент, мајката за среќа бргу си го добила детето назад во рацете од минувач кој го кренал од количката, речиси неповредено.

- Детето изгледаше сосема добро но родителите беа ужасно шокирани. Таткото изгледаше како да сака да претепа некој - вели сведок на настанот.

Случката која можеше да биде трагедија за недолжно дете, сепак заврши добро. од сообраќакјата во болница биле пренесени две деца и возрасен. Сите со полесни повреди./ извор: Дејли меил
притисни ентер