Том Хенкс боледува од дијабетес

Гостувајќи во шуто на Летерман, американскиот актер Том Хенкс открил дека боледува од дијабетес.

„Бев на лекар и докторот ми рече: Што се однесува до ова високо ниво на шеќер во крвта, кое го следите од вашата 36 година.... Дипломиравте. Имате дијабетес тип 2“, рекол Хенкс.

Хенкс кај Летерман го промовираше и неговиот нов филм „Капетан Филипс“, а приказната во филмот го следи животот на капетанот Ричард Филипс кој го киднапираат сомалиски пирати.
притисни ентер